Thursday, December 15, 2011

ЈАС

Денес решив да ја кажам вистината. Денес одлучив да се ослободам од стегите. Денес решив да те распнам тебе. Ќе ме осудуваш? Ќе пукаш во мене? Ќе плукаш по мене? Не сум веќе глуварче... не сум нем, тегав амебовиден створ... Денес решив дека ќе бидам она што навистина сум, денес сум Јас.
Едно по друго се нижеа врежаните линии на твојот рбет...со секое следно заривање во столбот мислеше дека си поблиску до својата победа, поблиску до апсолутната среќа, поблиску до сопственото воскреснување. И кога ќе ти заржев, ќе се насмевнеше мило, принудувајки ме да се обележам себеси со уште еден неуспех, со уште една грешка, обојувајки ме со бојата на очај и вина.
Зебрата беше кротка, секогаш потчинувајки се на твојот збор...шепот...здив... Лудило или хипноза...проклето манипулирана, водена и насочувана. Кога веќе не се препознав од боите на виножитото, кога веќе не гледав...замрежена и осамена...се збоднав самата себе, самата себе се зарив во слабините...викнав од болка, малку заплакав, клоцнав колку што ме држеше силата...не ме контролираше црното вретено...не ги владееше моите узди. Бев решена да излезам од живата кал...да завладеам со самата себе, да бидам свој слуга и господар, да бидам она што навистина сум...да бидам Јас.
Веќе не тонев во калта, не ни плутав на површината... сега лебдев над неа. Сама ја предев својата нишка, ја отфрлив зебрестата ткаенина, ги прегризав уздите...бев гола пред огледалото и гола пред цел свет... Ги стегнав мускулите, ги напрегнав жилите...сите сетила изоштрени и силни...вдишав и зачекорив...трчав... За прв пат по долго време, го слушав тупотот на сопствено, а не твоето...го слушав сопствениот глас во мојата глава...за прв пат по долго време мојата душа беше едноставно она што е...ги немаше твоите раце да ја изменат, извештачат ..отуѓат од нејзиниот господар. 
Денес ја кажав вистината...се ослободив од твоите стеги... Денес не сум безимено глуварче, непознат амебовиден створ... Денес сум она вистинското, единствено и никогаш неповторувачко...ЈАС!!!

Замена

Заспиваш, сонуваш кошмари, се будиш- безусловен редослед. Не сум стигнала ни да трепнам, а веќе клинците и чувствувам длабоко околу срцето, не вдушувам, не издишувам, не се поместувам, не ни треперам, знам дека било какво движење ќе го притисне чрапалото, упатувајќи ги оштриците во центарот на срцето. Болка која убвива. Потта набрекната во исчекување на напливот на болка. Знам дека ќе ми пукне срцето и сета душа останата во него, не ќе можам понатаму. Затоа не се помрднувам, не ни трепнувам, затоа што знам дека нема да преживеам, премногу болка за мене. Што и да е ќе помине, болка- дај и некој ден плус минус,  ама кога еднонасочно, неколебливо живиниот столб оди нагоре.... како да кажеш доста. Заспиваш, сонуваш кошмари и се вудиш...но што да правиш кога кошмарот ти станува дел од реланоста, како да се разбудам од она што не го сонувам? Кога боли, ми рекоа удри се на друго место, првата повреда ќе ја занемариш... а веќе пепел ја сторив кожата, тигар со сршени заби и нокти и изветвена кожа, а сеште ми ги држи оштрите карчиња камен во грло... Како да се предадам, да кажам доста, зарем не залужив избор, право на глас, не жртва-туку спас...затоа што животот ваков е зарѓана бодликава жица. Да знаев, ....сакам само да знаев... ќе се дадев себе... Немам многу заслуги за да бидам овде, не сега....Сакам да сменам места, сакам замена, зошто никој не ме слуша.

Нови сликички

Залепив нови сликички во албумот. Неочекувано ми ги дадоа, на неконвенционален начин, онака спонтано... Ги имам, имам, имам, немам, немам, немам... не барам бројчиња туку само комбинација од карактеристики. Не ми сметаат, не ми прават разлика боите, прифатливи се ситениту аглите, ниту оштриците, сакам се, отворена кон се, само да se вклупат  во облакот од катјони во кој се движам и функционирам.

Пукање позитива електрицитет на сите можни страни, па да видиме што ќе врати назад. Обоени парчиња хартија со човечки лица на нив... укличено ладало, па да видиме што ќе фрли вртелешката накај мене... Веќе имав видено многу сликички, опаковки без број, дали ќе успеам да ја најдам баш онаа што ќе се вклопи во екстериерот што го нудам, и интериерот што себично го кријам. Албумот е отворен, сега чекаме...

Полека и внимателно одпакувам, ѓи кинам ќошињата, ѓи одлепувам краевите...наплив на адреналин, пот на дланките, треперење на прстите, избор од пет случајни ликови, но не така случајни личности. Разгледувам, детално анализирам, ехо ритуал...ја најдов. Старо празно место...ново пополнето, лице со секогаш свежа насмевка, искрени црти на лицето, проѕирен штитник на очите. Збор неизустен кој смирува, мисла не помислена која создава искреност, допир кој создава пријатна  топлина. Нова сликичка залепена, едно празно место прешкртано, уште една комбинација на слух, вид, насмевка и најбитно мисла што прават да се чувствувам како најголемиот пријател со милион прегратки околу себе. Ново лице. Нов пријател...ти благодарам.   

За Македонија... Со леб, ајвар и туршија...

Седнавме така ние и бистриме политика... како сите држави биле поОК од нас, колку се ни било лошо, колку сме биле заостанати... и што ти уште не, се до оној момент кога ни текна дека ние всушност  сме Македонци и големи патриоти, и ако ние не си ја фалиме Македонија кој ќе ни ја фали?
А викаме се е лошо, е како да не, ние имаме највкусна храна на свет. Што милисш што јадат познатите фаци кога ќе дојдат во Мкд? И кога ќе си отидат никој од нив не зборува за бизнисот, економијата или политиката тука, туку зборуваат за храната. Значи клучот за успехот на Македонија: сирењето, питата, ајварот, сторените пиперки, гравчето... а можам вака до бескрај да пишувам. Заклучок: Одиме во Европска Унија со по една тегла ајвар, погача леб и кантиче кисело млеко.
Викаат ние не сме биле народ за восхит и стравопочит. Е, ај да видам некој друг да испече 100кг пиперки за два дена (еден викенд). Па, кај треба да ги печеш, уште треба и да ги лупиш. И додека ти виткаш кичма и валкаш прсти, најадените ни гости од највкусен ајвар лежат на некоја плажа, ама гајле ти е, оти ти тоа го правиш за атер на Македонија. По завршениот ајвар продолжуваме со туршијата. Сторените пиперки и киселите зелчиња. Е сега малку мака со расолот ќе имаш, ќе трпиш и оцетна реа и ќе киснеш раце во солило, ама кога се мора, се мора.
И таман ќе помилисш готова е работата, се сме завршиле, ќе фаќаме чартер за Европа, овие одозгора не запираат. Зошто? Е каде се тргнувало на долг пат без гравче? А и туршијата не одела сама?! И брзо, брзо, на две на три, готово е и гравчето, ама за да се фати мајата ставаме и по едно сушено пиперче. Готово!
Вака спремни, настегани, ЕУ не ни бега, оти на сите им се лакоми рачето по нашето...

...Му раскажуваше бабата на своето внуче, кое веќе одамна беше заспано и го сонуваше синото знаме и неговите 12 жолти свездички.

Те чекав тебе

Денес не знаев каде да те побарам! Секогаш беше некаде околу, пред, зад, со мене, знаев дека си тука. Денес не можев да те видам, ти не беше... Ти го чуствував мирисот и топлината, ти го слушав и гласот, но тебе те немаше. За прв пат во ова тврдоглаво јазење ме остави сама, не знаев што понатаму, не знаев како понатаму. Те барав да ми кажеш која дупка беше следниот потег, ...безброј јами, секоја со свој тек, секоја со своја сложувалка на дното, без тебе не знаев каде.
Застанав некаде по патот, бев одлучна да чекам да дојдеш, не можев сега без тебе.... Нишката постоеше одамна, невозможно е да прекине... Светлината почна да се губи... Дрво или сува слама, мили очиња или мршојади..., полека почна да се стеснува кругот на светот кој ми беше познат, чуствував дека зачекорувам во деветата димензија на мегу просторот... Сама..., се изгледаше непознато и туѓо, морничаво и страшно. Сеуште не се поместував. Мракот веќе ми ги сокри нозете.
Прошепотев. Прозборував. Викав додека не ми се распара грлото. Те барав тебе, мислев ќе ме чуеш, пронајдеш... Постојана тишина и некое црнило што пробува да ти се вгнезди во душата. Стоев и гледав во сувото дрво, толку круто, сурово вознемирувачки непријатно. Гледав како се придвижуваше на секое поминување на ветрот, знаев дека сака да ме допре, да ме помилува, да ме уништи со сувите гранки...сакаше да заминам. Сувата слама ми ги корнеше ноздрите и дразнеше внатрешноста, ме предизвикуваше.
Веќе не ги гледав ни дланките, веќе не гледав ништо... Бев слепа за  секое збиднување, стоев и чекав. Го чув лизгањето на секачот, го претчуствував неговото доаѓање, мирисот на крв од неговата престилка ме натера да се изчезнам во самата себе. Замавна... ми ги ослободи ткивото... сакаше да ме испаши, сакаше да заминам од неговиот дом, од неговото место, од неговата земја,... сакаше да ме нема. Неприфатлива расврска,...знаев дека само доколку останам таму ќе те најдам тебе.
Огнените трчала ја почуствуваа мојата потреба да останам, ја реализираа својата желба...ги изедоа ноктите и мекото мевце...трулеж и болка. Полека почна да ме снемува, работливата заедница ги сруши темелите, полека почна да ме снемува.
Прстенот веќе ми го притискаше душникот, ... дрвто, сламата, трчалата, сенката, секачот...ме корнеа и по секој удар сурово гледаа... чекаа да се одкажам, да заминам. Но јас возвраќав со истата болка,...Останав...не знам каде без тебе,...ќе ме најдеш,... не знам како без тебе... Останав, те чекав, те чекав тебе Сики.

Денот живее

Денес денот е прекрасенРано будење измиено со дожд. Не можам ни да ти објаснам како се чуствувам, затоа ќе ти покажам. Можеби и чувството и не  е премногу возвишувачко , но по вчерашниот пад, секое добро ми изгледа како прекрасно, прекрасно неповторливо случување. Имав некоја тага во мене. Каде и да одев, со кого и да бев, се ми беше туѓо, несакано, празно, шупливо... Работниот ден помина туку така...дали неактивноста ја храни тагата? Мислев дека секогаш кога не работам можам да се скријам во себе, да се склопчам како мало дете и да заспијам, но овој пат детето беше ѕверски наелектризирано со рака полна плач затоа што некој му ја земал играчката ...
Го дотуркав денот... времето е зајадлив створ, знае кога да те чепне, кога да се лигави во своето движење, а верувај ми знае и кога да ги претрча сите сни, желби, сеќавања, посакувања. 
Дојдов дома ... беше онакво како што го оставив, осамено и тажно, знам дека недостигав јас, но овојпат не внесов светлина туку милион облаци со мене, не знам зошто но деновиве црната  боја ми е омилена...ме гуши и прегрнува истовремено,... ја сакам. Единственото милување во изминатиот ден беа Пријателите...голем дел од  сказалки го поминав токму со нив. Успеваат да направат да заборавам, да украдат некоја насмевка, да преклопат рачиња...Ги сакам подеднакво колку и Куќата, но и Крвните врски... Ги сакам.... Веќе денот ме газеше...излегов, но колку и да се обидував да го отуѓам тоа чувство кое што го нема, таа црна дупка во душта, не испеав, залудна беше и прошетката, и вдишаниот воздух, и југот.  Се вратив дома, изедов колку што можев, се обидов да го пополнам она што никогаш не може да се пополни, добро зајре, слатко од сливи со млеко, и едно парче домашна пита...Заспав.... и за само она што мене ми се чинеше дека е момент, се разбудив. Ми беше малку мака да се облечам и расонам, но зелбата за повеке сон постоеше се до моментот кога излегов во предворјето. Прекрасно освежување... изгледа утринскиот дожд ми ја изми душата. Се чувствувам убаво, сакав да сум јас, сакам да бидам таму каде што бев, сакам да впијам се што ме опкружува, и воздухот и звукот на врапците, и мирисот на јоргованот од соседниот двор, и она малку сонце кое што наѕира зад облаците, и малиот милион сиви прекривки, сакам се, можам се, знам која сум...Веќе не губам ништо, не занемарувам ништо. Се најдов себе и целиот свет, во моментот кога си ја измив душата,... се е јасно, се е невино и кревко...Јас....нов ден кој само што почна, ќе биде уште подобро...

Дали знаеш дека те мразам?

Дали знаеш дека те мразам? А се почна така мило, так анаивно...те видов , те гушнав и знев дека  ќе те сакам до крајот на животот. Ми текнува на деновите кога шетавме во паркот, и деновите кога се креивме за никој да не не види. Беше толку смешно за сите кога решиме да им кажеме дека се сакаме...деца, и нивната дечја игра...
Помина време,..заминав, па дојде ти па ти замина ..дојдов јас, игра на верверци кои место својот орев  го земале голото зајаче за грицкање. И пак дојдов јас, и пак замина ти, и така повторно и повторно и повторно, се додека не се заврши се, и јас решив да останам. Ме земаа на неколку дена да избегам од едноличното шаренило, да земам здив кој што ќе ме обогати, а не задуши како секојпат дотогаш...Тие неколку дена ми го сменија животот... Сватив дека те сакам повеке одколку што сакав да признаам, повеќе одколку што сакав да верувам, мислев дури и повеќе од самата себе. И чекав да си се вратам од недојдија да ти го кажам тоа, сакав да те израдувам, сакав да ти ветам дека секогаш ќе бидам со тебе, сакав да ми ветиш дека секогаш ќе бидеш присутен да ме крепиш. Сакав, и сакав и сакав, и како што го пишувам ова, и се потсетувам што се сакав, чуствувам како ми се напрегаа жилите, а нервите веќе се усвитени од жар...Веќе не е љубов тоа што чуствувам, сега е омраза. 
Споделив се што имав да споделам со тебе, и кога веќе не остана ни ништо ми рече да си одам...Не си бил сигурен дека сакаш да имаш толку многу љубов покрај тебе, нежноста си можел да ја добиеш и на друга страна, а грижата..па што е толку битно дали некој се грижи за тебе, дали некој може да спие навечер само затао што не те слушнал во текот на денот...тоа воопшто не ти беше битно.... И стоев така немо и скаменето, не знаев каде да се свртам, на која страна да се упатам, затоа решив да останам. Реченицава ме потетува на нешто што го напишав за неа, и неможам да  поверувам дека копам од истото место на емоции и чуства...затоа што не си заслужен, не си вреден ни да бидеш близу нејзиниот пиедестал...но така е...
Останав... и чекав да ми подадеш рака, да ме развлечкаш по патот, да ме растрнеш и потоа повторно составиш...чекав, чекав ... се изгубив себе, чекајќи те тебе... Газам врз себе, се прескокнувам себе...се додека не остане ништо од мене??? Е не ќе може така пријателе...Се има свој крај...те оставив да плукаш по мене, оставив самата да се газам себе...до бескрај не ќе може.... Не верував дека некогаш ќе се случи ова... тебе почнав да те мразам тебе, ради тебе почнав да се мразам и себе... Знам дека секогаш ќе те сакам... но денес драги мој, денес е денот кога почнав да те мразам... Те презирам... Верувај ми ќе те уништам. Дали знаеш дека те мразам?