Thursday, December 15, 2011

Денот живее

Денес денот е прекрасенРано будење измиено со дожд. Не можам ни да ти објаснам како се чуствувам, затоа ќе ти покажам. Можеби и чувството и не  е премногу возвишувачко , но по вчерашниот пад, секое добро ми изгледа како прекрасно, прекрасно неповторливо случување. Имав некоја тага во мене. Каде и да одев, со кого и да бев, се ми беше туѓо, несакано, празно, шупливо... Работниот ден помина туку така...дали неактивноста ја храни тагата? Мислев дека секогаш кога не работам можам да се скријам во себе, да се склопчам како мало дете и да заспијам, но овој пат детето беше ѕверски наелектризирано со рака полна плач затоа што некој му ја земал играчката ...
Го дотуркав денот... времето е зајадлив створ, знае кога да те чепне, кога да се лигави во своето движење, а верувај ми знае и кога да ги претрча сите сни, желби, сеќавања, посакувања. 
Дојдов дома ... беше онакво како што го оставив, осамено и тажно, знам дека недостигав јас, но овојпат не внесов светлина туку милион облаци со мене, не знам зошто но деновиве црната  боја ми е омилена...ме гуши и прегрнува истовремено,... ја сакам. Единственото милување во изминатиот ден беа Пријателите...голем дел од  сказалки го поминав токму со нив. Успеваат да направат да заборавам, да украдат некоја насмевка, да преклопат рачиња...Ги сакам подеднакво колку и Куќата, но и Крвните врски... Ги сакам.... Веќе денот ме газеше...излегов, но колку и да се обидував да го отуѓам тоа чувство кое што го нема, таа црна дупка во душта, не испеав, залудна беше и прошетката, и вдишаниот воздух, и југот.  Се вратив дома, изедов колку што можев, се обидов да го пополнам она што никогаш не може да се пополни, добро зајре, слатко од сливи со млеко, и едно парче домашна пита...Заспав.... и за само она што мене ми се чинеше дека е момент, се разбудив. Ми беше малку мака да се облечам и расонам, но зелбата за повеке сон постоеше се до моментот кога излегов во предворјето. Прекрасно освежување... изгледа утринскиот дожд ми ја изми душата. Се чувствувам убаво, сакав да сум јас, сакам да бидам таму каде што бев, сакам да впијам се што ме опкружува, и воздухот и звукот на врапците, и мирисот на јоргованот од соседниот двор, и она малку сонце кое што наѕира зад облаците, и малиот милион сиви прекривки, сакам се, можам се, знам која сум...Веќе не губам ништо, не занемарувам ништо. Се најдов себе и целиот свет, во моментот кога си ја измив душата,... се е јасно, се е невино и кревко...Јас....нов ден кој само што почна, ќе биде уште подобро...

No comments:

Post a Comment