Thursday, December 15, 2011

ЈАС

Денес решив да ја кажам вистината. Денес одлучив да се ослободам од стегите. Денес решив да те распнам тебе. Ќе ме осудуваш? Ќе пукаш во мене? Ќе плукаш по мене? Не сум веќе глуварче... не сум нем, тегав амебовиден створ... Денес решив дека ќе бидам она што навистина сум, денес сум Јас.
Едно по друго се нижеа врежаните линии на твојот рбет...со секое следно заривање во столбот мислеше дека си поблиску до својата победа, поблиску до апсолутната среќа, поблиску до сопственото воскреснување. И кога ќе ти заржев, ќе се насмевнеше мило, принудувајки ме да се обележам себеси со уште еден неуспех, со уште една грешка, обојувајки ме со бојата на очај и вина.
Зебрата беше кротка, секогаш потчинувајки се на твојот збор...шепот...здив... Лудило или хипноза...проклето манипулирана, водена и насочувана. Кога веќе не се препознав од боите на виножитото, кога веќе не гледав...замрежена и осамена...се збоднав самата себе, самата себе се зарив во слабините...викнав од болка, малку заплакав, клоцнав колку што ме држеше силата...не ме контролираше црното вретено...не ги владееше моите узди. Бев решена да излезам од живата кал...да завладеам со самата себе, да бидам свој слуга и господар, да бидам она што навистина сум...да бидам Јас.
Веќе не тонев во калта, не ни плутав на површината... сега лебдев над неа. Сама ја предев својата нишка, ја отфрлив зебрестата ткаенина, ги прегризав уздите...бев гола пред огледалото и гола пред цел свет... Ги стегнав мускулите, ги напрегнав жилите...сите сетила изоштрени и силни...вдишав и зачекорив...трчав... За прв пат по долго време, го слушав тупотот на сопствено, а не твоето...го слушав сопствениот глас во мојата глава...за прв пат по долго време мојата душа беше едноставно она што е...ги немаше твоите раце да ја изменат, извештачат ..отуѓат од нејзиниот господар. 
Денес ја кажав вистината...се ослободив од твоите стеги... Денес не сум безимено глуварче, непознат амебовиден створ... Денес сум она вистинското, единствено и никогаш неповторувачко...ЈАС!!!

Замена

Заспиваш, сонуваш кошмари, се будиш- безусловен редослед. Не сум стигнала ни да трепнам, а веќе клинците и чувствувам длабоко околу срцето, не вдушувам, не издишувам, не се поместувам, не ни треперам, знам дека било какво движење ќе го притисне чрапалото, упатувајќи ги оштриците во центарот на срцето. Болка која убвива. Потта набрекната во исчекување на напливот на болка. Знам дека ќе ми пукне срцето и сета душа останата во него, не ќе можам понатаму. Затоа не се помрднувам, не ни трепнувам, затоа што знам дека нема да преживеам, премногу болка за мене. Што и да е ќе помине, болка- дај и некој ден плус минус,  ама кога еднонасочно, неколебливо живиниот столб оди нагоре.... како да кажеш доста. Заспиваш, сонуваш кошмари и се вудиш...но што да правиш кога кошмарот ти станува дел од реланоста, како да се разбудам од она што не го сонувам? Кога боли, ми рекоа удри се на друго место, првата повреда ќе ја занемариш... а веќе пепел ја сторив кожата, тигар со сршени заби и нокти и изветвена кожа, а сеште ми ги држи оштрите карчиња камен во грло... Како да се предадам, да кажам доста, зарем не залужив избор, право на глас, не жртва-туку спас...затоа што животот ваков е зарѓана бодликава жица. Да знаев, ....сакам само да знаев... ќе се дадев себе... Немам многу заслуги за да бидам овде, не сега....Сакам да сменам места, сакам замена, зошто никој не ме слуша.

Нови сликички

Залепив нови сликички во албумот. Неочекувано ми ги дадоа, на неконвенционален начин, онака спонтано... Ги имам, имам, имам, немам, немам, немам... не барам бројчиња туку само комбинација од карактеристики. Не ми сметаат, не ми прават разлика боите, прифатливи се ситениту аглите, ниту оштриците, сакам се, отворена кон се, само да se вклупат  во облакот од катјони во кој се движам и функционирам.

Пукање позитива електрицитет на сите можни страни, па да видиме што ќе врати назад. Обоени парчиња хартија со човечки лица на нив... укличено ладало, па да видиме што ќе фрли вртелешката накај мене... Веќе имав видено многу сликички, опаковки без број, дали ќе успеам да ја најдам баш онаа што ќе се вклопи во екстериерот што го нудам, и интериерот што себично го кријам. Албумот е отворен, сега чекаме...

Полека и внимателно одпакувам, ѓи кинам ќошињата, ѓи одлепувам краевите...наплив на адреналин, пот на дланките, треперење на прстите, избор од пет случајни ликови, но не така случајни личности. Разгледувам, детално анализирам, ехо ритуал...ја најдов. Старо празно место...ново пополнето, лице со секогаш свежа насмевка, искрени црти на лицето, проѕирен штитник на очите. Збор неизустен кој смирува, мисла не помислена која создава искреност, допир кој создава пријатна  топлина. Нова сликичка залепена, едно празно место прешкртано, уште една комбинација на слух, вид, насмевка и најбитно мисла што прават да се чувствувам како најголемиот пријател со милион прегратки околу себе. Ново лице. Нов пријател...ти благодарам.   

За Македонија... Со леб, ајвар и туршија...

Седнавме така ние и бистриме политика... како сите држави биле поОК од нас, колку се ни било лошо, колку сме биле заостанати... и што ти уште не, се до оној момент кога ни текна дека ние всушност  сме Македонци и големи патриоти, и ако ние не си ја фалиме Македонија кој ќе ни ја фали?
А викаме се е лошо, е како да не, ние имаме највкусна храна на свет. Што милисш што јадат познатите фаци кога ќе дојдат во Мкд? И кога ќе си отидат никој од нив не зборува за бизнисот, економијата или политиката тука, туку зборуваат за храната. Значи клучот за успехот на Македонија: сирењето, питата, ајварот, сторените пиперки, гравчето... а можам вака до бескрај да пишувам. Заклучок: Одиме во Европска Унија со по една тегла ајвар, погача леб и кантиче кисело млеко.
Викаат ние не сме биле народ за восхит и стравопочит. Е, ај да видам некој друг да испече 100кг пиперки за два дена (еден викенд). Па, кај треба да ги печеш, уште треба и да ги лупиш. И додека ти виткаш кичма и валкаш прсти, најадените ни гости од највкусен ајвар лежат на некоја плажа, ама гајле ти е, оти ти тоа го правиш за атер на Македонија. По завршениот ајвар продолжуваме со туршијата. Сторените пиперки и киселите зелчиња. Е сега малку мака со расолот ќе имаш, ќе трпиш и оцетна реа и ќе киснеш раце во солило, ама кога се мора, се мора.
И таман ќе помилисш готова е работата, се сме завршиле, ќе фаќаме чартер за Европа, овие одозгора не запираат. Зошто? Е каде се тргнувало на долг пат без гравче? А и туршијата не одела сама?! И брзо, брзо, на две на три, готово е и гравчето, ама за да се фати мајата ставаме и по едно сушено пиперче. Готово!
Вака спремни, настегани, ЕУ не ни бега, оти на сите им се лакоми рачето по нашето...

...Му раскажуваше бабата на своето внуче, кое веќе одамна беше заспано и го сонуваше синото знаме и неговите 12 жолти свездички.

Те чекав тебе

Денес не знаев каде да те побарам! Секогаш беше некаде околу, пред, зад, со мене, знаев дека си тука. Денес не можев да те видам, ти не беше... Ти го чуствував мирисот и топлината, ти го слушав и гласот, но тебе те немаше. За прв пат во ова тврдоглаво јазење ме остави сама, не знаев што понатаму, не знаев како понатаму. Те барав да ми кажеш која дупка беше следниот потег, ...безброј јами, секоја со свој тек, секоја со своја сложувалка на дното, без тебе не знаев каде.
Застанав некаде по патот, бев одлучна да чекам да дојдеш, не можев сега без тебе.... Нишката постоеше одамна, невозможно е да прекине... Светлината почна да се губи... Дрво или сува слама, мили очиња или мршојади..., полека почна да се стеснува кругот на светот кој ми беше познат, чуствував дека зачекорувам во деветата димензија на мегу просторот... Сама..., се изгледаше непознато и туѓо, морничаво и страшно. Сеуште не се поместував. Мракот веќе ми ги сокри нозете.
Прошепотев. Прозборував. Викав додека не ми се распара грлото. Те барав тебе, мислев ќе ме чуеш, пронајдеш... Постојана тишина и некое црнило што пробува да ти се вгнезди во душата. Стоев и гледав во сувото дрво, толку круто, сурово вознемирувачки непријатно. Гледав како се придвижуваше на секое поминување на ветрот, знаев дека сака да ме допре, да ме помилува, да ме уништи со сувите гранки...сакаше да заминам. Сувата слама ми ги корнеше ноздрите и дразнеше внатрешноста, ме предизвикуваше.
Веќе не ги гледав ни дланките, веќе не гледав ништо... Бев слепа за  секое збиднување, стоев и чекав. Го чув лизгањето на секачот, го претчуствував неговото доаѓање, мирисот на крв од неговата престилка ме натера да се изчезнам во самата себе. Замавна... ми ги ослободи ткивото... сакаше да ме испаши, сакаше да заминам од неговиот дом, од неговото место, од неговата земја,... сакаше да ме нема. Неприфатлива расврска,...знаев дека само доколку останам таму ќе те најдам тебе.
Огнените трчала ја почуствуваа мојата потреба да останам, ја реализираа својата желба...ги изедоа ноктите и мекото мевце...трулеж и болка. Полека почна да ме снемува, работливата заедница ги сруши темелите, полека почна да ме снемува.
Прстенот веќе ми го притискаше душникот, ... дрвто, сламата, трчалата, сенката, секачот...ме корнеа и по секој удар сурово гледаа... чекаа да се одкажам, да заминам. Но јас возвраќав со истата болка,...Останав...не знам каде без тебе,...ќе ме најдеш,... не знам како без тебе... Останав, те чекав, те чекав тебе Сики.

Денот живее

Денес денот е прекрасенРано будење измиено со дожд. Не можам ни да ти објаснам како се чуствувам, затоа ќе ти покажам. Можеби и чувството и не  е премногу возвишувачко , но по вчерашниот пад, секое добро ми изгледа како прекрасно, прекрасно неповторливо случување. Имав некоја тага во мене. Каде и да одев, со кого и да бев, се ми беше туѓо, несакано, празно, шупливо... Работниот ден помина туку така...дали неактивноста ја храни тагата? Мислев дека секогаш кога не работам можам да се скријам во себе, да се склопчам како мало дете и да заспијам, но овој пат детето беше ѕверски наелектризирано со рака полна плач затоа што некој му ја земал играчката ...
Го дотуркав денот... времето е зајадлив створ, знае кога да те чепне, кога да се лигави во своето движење, а верувај ми знае и кога да ги претрча сите сни, желби, сеќавања, посакувања. 
Дојдов дома ... беше онакво како што го оставив, осамено и тажно, знам дека недостигав јас, но овојпат не внесов светлина туку милион облаци со мене, не знам зошто но деновиве црната  боја ми е омилена...ме гуши и прегрнува истовремено,... ја сакам. Единственото милување во изминатиот ден беа Пријателите...голем дел од  сказалки го поминав токму со нив. Успеваат да направат да заборавам, да украдат некоја насмевка, да преклопат рачиња...Ги сакам подеднакво колку и Куќата, но и Крвните врски... Ги сакам.... Веќе денот ме газеше...излегов, но колку и да се обидував да го отуѓам тоа чувство кое што го нема, таа црна дупка во душта, не испеав, залудна беше и прошетката, и вдишаниот воздух, и југот.  Се вратив дома, изедов колку што можев, се обидов да го пополнам она што никогаш не може да се пополни, добро зајре, слатко од сливи со млеко, и едно парче домашна пита...Заспав.... и за само она што мене ми се чинеше дека е момент, се разбудив. Ми беше малку мака да се облечам и расонам, но зелбата за повеке сон постоеше се до моментот кога излегов во предворјето. Прекрасно освежување... изгледа утринскиот дожд ми ја изми душата. Се чувствувам убаво, сакав да сум јас, сакам да бидам таму каде што бев, сакам да впијам се што ме опкружува, и воздухот и звукот на врапците, и мирисот на јоргованот од соседниот двор, и она малку сонце кое што наѕира зад облаците, и малиот милион сиви прекривки, сакам се, можам се, знам која сум...Веќе не губам ништо, не занемарувам ништо. Се најдов себе и целиот свет, во моментот кога си ја измив душата,... се е јасно, се е невино и кревко...Јас....нов ден кој само што почна, ќе биде уште подобро...

Дали знаеш дека те мразам?

Дали знаеш дека те мразам? А се почна така мило, так анаивно...те видов , те гушнав и знев дека  ќе те сакам до крајот на животот. Ми текнува на деновите кога шетавме во паркот, и деновите кога се креивме за никој да не не види. Беше толку смешно за сите кога решиме да им кажеме дека се сакаме...деца, и нивната дечја игра...
Помина време,..заминав, па дојде ти па ти замина ..дојдов јас, игра на верверци кои место својот орев  го земале голото зајаче за грицкање. И пак дојдов јас, и пак замина ти, и така повторно и повторно и повторно, се додека не се заврши се, и јас решив да останам. Ме земаа на неколку дена да избегам од едноличното шаренило, да земам здив кој што ќе ме обогати, а не задуши како секојпат дотогаш...Тие неколку дена ми го сменија животот... Сватив дека те сакам повеке одколку што сакав да признаам, повеќе одколку што сакав да верувам, мислев дури и повеќе од самата себе. И чекав да си се вратам од недојдија да ти го кажам тоа, сакав да те израдувам, сакав да ти ветам дека секогаш ќе бидам со тебе, сакав да ми ветиш дека секогаш ќе бидеш присутен да ме крепиш. Сакав, и сакав и сакав, и како што го пишувам ова, и се потсетувам што се сакав, чуствувам како ми се напрегаа жилите, а нервите веќе се усвитени од жар...Веќе не е љубов тоа што чуствувам, сега е омраза. 
Споделив се што имав да споделам со тебе, и кога веќе не остана ни ништо ми рече да си одам...Не си бил сигурен дека сакаш да имаш толку многу љубов покрај тебе, нежноста си можел да ја добиеш и на друга страна, а грижата..па што е толку битно дали некој се грижи за тебе, дали некој може да спие навечер само затао што не те слушнал во текот на денот...тоа воопшто не ти беше битно.... И стоев така немо и скаменето, не знаев каде да се свртам, на која страна да се упатам, затоа решив да останам. Реченицава ме потетува на нешто што го напишав за неа, и неможам да  поверувам дека копам од истото место на емоции и чуства...затоа што не си заслужен, не си вреден ни да бидеш близу нејзиниот пиедестал...но така е...
Останав... и чекав да ми подадеш рака, да ме развлечкаш по патот, да ме растрнеш и потоа повторно составиш...чекав, чекав ... се изгубив себе, чекајќи те тебе... Газам врз себе, се прескокнувам себе...се додека не остане ништо од мене??? Е не ќе може така пријателе...Се има свој крај...те оставив да плукаш по мене, оставив самата да се газам себе...до бескрај не ќе може.... Не верував дека некогаш ќе се случи ова... тебе почнав да те мразам тебе, ради тебе почнав да се мразам и себе... Знам дека секогаш ќе те сакам... но денес драги мој, денес е денот кога почнав да те мразам... Те презирам... Верувај ми ќе те уништам. Дали знаеш дека те мразам?

Капки сол

Го Мразам...
Го направив првиот чекор, прва зачекорив во вртлогот на непознатото, не ми беше страв, не се ни воздржував повеке, едноставно дозволив да се разлее целата збрка и конфузија која што ја таложев во себе и зачекорив.
Првиот бран ме однесе на некое чудно место...имаше боја, а очите сепак ми беа празни. Имаше мирис и допир, а јас бев без сензорско искуство. Единствено што знаев дека постои беше маглата, повремената сенка која што ме надгледуваше и боцкавото дрво, ...знаев дека се тука, а сепак не ги чуствував... Немаше никој... само темни облаци, магла и тоа проклето дрво... знаев дека е загатка, тоа го научив од тебе...фокусот ми беше непостојан и несигурен, променливите изчезнуваа и повторно се појавуваа. Група бели зајаци ме исфрли од оската на непознатото...сите беа растрчани, со пријателска насмевка под мустаките, но ја гледав ѓаволската слуз како им тече од муцките и пазувите. Ја изустив првата буква, а потоа следната и следнат и следната, звукот беше глув...не ме ни погледнаа, ја продолжија својата шематска рутина. Кога се обидов да запрам еден од нив, ме кутна на земја, а потоа со малите шепички ме турна во трнливото дрво, ме погледна мило со малите очиња. Каков проклет створ, сакав да го направам дел од мојата облека, можеби шапка,но неможев да стигнам до него, беше на врвот од долгата маса и ја пиеше својата петта чаша чај во денот. Се обидов да станам, но беше доцна, трњата веке беа длабоко, нивниот венум струеше низ мојата крв...  Како што се појавија, така и изчезнаа, зајците повеке ги немаше, ме оставија сама да се справувам со маката и болката. Проклети зајци, ги мразев, ги презирав, со сласт ќе ги уништев... Не успеав да го исполнам она што си го ветив себе си... бев во досег на новиот солен бран...ме вовлече во себе и отуги. Повторно боја, воножито, мирис, светлина, хармонија и мир..рај со најјакиот пеколен зачин кој ми ја гори кожата...сеуште ги носев трњето на себе, го чуствував отровот кој што го смени она што бев,..мојот белег од непознатата битка. Се изгледаше прекрасно, но халуцинирачки нерално. Веќе ништо не беше исто, утрото не ме радуваше како порано, снегот не ме ослободуваше, дождот не ме разнежнуваше, не бев благодарна на секое ново утре. Веќе ништо не беше исто...Веке јас не постоев,..оставив зад себе еден тегав створ со ранета психа и пцовисан дух. Веќе ништо не беше исто... солениот бран уништи се... Го мразам тој солен бран...


Зборував, вчера

Вчера прозборев. Ми олесна на душата, не ми тежеше веќе, ама беше подеднакво непријатно. Веќе извесно време излегувањето ми е еквивалентно на непријатност, самотија, гледање на часовникот и молба некој нешто да рече да ја убие тишината. Никогаш немаше да поверувам дека ќе стигне и оној момент кога седењето на игли ќе ми биде попријатно, дури ја добив и желбата да седам со групата, нормално исклучуваќи ја големата скијачка ѕвезда.
Веќе одамна ништо не беше исто. Бев толку  наивна, неиживеана, неискусна...верував дека она што се створи во тие неколку години ќе нема жива сила која ќе го разруши,...ахх тоа глупаво мало дете со своите детски мечти во својот чист, искрен и нерасипан свет. После многу саати поминати во самотија, верувај ми само тоа ми остана од кога ја немам неа, сватив кога се почна да се тркала надолу.
Ти текнува на средината, кога го имавме она чувство на постигнување, еуфорија за светки и елеганција,... тогаш останав сама, со одкрадната желба, пропадната идеа...Беше тажно, знаејки дека никогаш не би можела да му го направам тоа на некој толку близок, особено не на тебе. Каква банална работа го почнала овој порој. Кога светлата се изгаснаа, дојде студенилото,... Среќно Ново Лето...и не така забавно и друштвено...луѓето полека се намалуваа, остаанаа само двете мали дечиња кои држејки се за рачињата се убедуваа дека не се сами, дека се е во ред, дека си се доволни сами на себе.... знаеа дека се лажат...знаеа дека уште по првата скала надолу нешто им  фали, можеби висината со која доагаше и поголема силина или едноставно поубавиот поглед...не сакаа самоволно да ја симнат следната скала, се туркаа, но на крај мораа да се погледаат во очи и да го направат тој финален чекор надолу заедно. Тие две скалила ги натераа да се чувствуваат немоќно и само, знаеа а сепак се убедуваа во спротивното. Дојде и времето кога требаше да се покаже годишната работа... Ги стискав палците, како да го чекав ударот и изливот на болка...чекав, чекав, само што се успокоив го осетив таму некаде на средината на лицето, и замисли не заплакав, само се насмевнав, иронично се насмевнав на самата себе, си реков, Каде беше до сега, те очекував, знаев дека ќе дојдеш. Знаев точно каде ќе биде ударот, знаев се, а сепак остатокот од нештото што наликува на надеж ме тераше барем од запрашениот заден агол да верувам во нешто друго. Можеби беше само застарена, изгорена желба. И уште неколку дуплирани случувања со различна присутност на кои не им го давам времето од денот. Дојде да зборуваш за она што го даде, одсликувањето во огледалото ја покажа водата како ми протекува низ дланките, останаа празни. Кога ја чувствуваш топлината во срцето за тој до тебе, редоследот нема да го знаш,  звукот на железните парички ке ти биде непознат, хронологијата небитна...Болеста моја ќе биде и твоја, без молба, без потпис, но не... За кого ли само ја правиш таа скица, за оние од страна да кажат дека си многу среќен и исполнет...Вистината е она што не прави големи и чисти, се она другото е прав затворена во урна која го чека соодветниот момент некој да ја растури во ветрот и зеленилото. Тоа ни се случи и на нас,..знам дека гребам по дното со ноктите, не сум сигурна за тебе, но јас знам. И ти сеуште ништо не знаеш, не знаеш зошто те нема, не знаеш зошто не си тука, не знаеш зошто не си подал рака...Кога знаеш дека обрачот околу грлото ти се стега, кога веќе не можеш да се скриеш, кажи дека не знаеш...полесно ќе се протнеш меѓу прангиите...почни да викаш, биди гласен, биди вчудоневиден и навреден...така ќе им го пресечеш патот на сите, дури и оние кои мирно очекорат. Но јас ќе ти кажам едно нешто, веќе ништо не допира до мене,..те оставам тебе и таквите како тебе за остатокот кој што се грижи..јас повеќе не.  Ти што си со лизгаво тело, што секогаш успеваш да се скриеш зад забосаната насмевка, ми текнува на едногодишната порака која ти ја дадов. Потрошив многу време на неа, многу љубов, енергија, крв и топлина, потсети се што се калеше во огнот некогаш, нека ти го поплочи патот, насоката сама ќе мора да ја најдеш.    

Веќе одамна ништо не беше исто, не сакав да си го признаам тоа, но чувството не ми го дозволува тоа повеќе. Одамна не сум тоа мало, глупаво и наивно детенце. На крајот на краиштата, годишните времиња се менуваат, а со нив и луѓето, некои влегуваат, а некои пак излегуваат од твојот живот, останува само тоа што е вистинско, искрено, нерасипано и чисто.

Време или живеење

Седнав да размислам, јас – ништожник човек, јас- личноста која не знае ништо, па дури ни самиот себе. И се некако ми се гледа замаглено, се е зачадено... а огледалото замрежено, кандилото неизгаснато...
И додека се трудам да го видам хоризонтот и нештата кои од време на време ги нарекувам луѓе, пред залезот сонцето ми го зададе псоледниот удар, ми ги згрчи зениците, и неможев да видам, неможев да сфатам...
Зачекорив по распуканата земја, почуствував студ, а потоа и трепет и татнеж, флуид на знаење протече низ мене. Од моментот на создавањето до сегашниот сегментен момент на уништување. Од ништо, од невидливи живи нешта до висококатници и моето ПЦ и пак наназад. Ме забуни јагленосаното дрво, во своите жили сеуште имаше животни сокови, а сепак исчезнуваше... Иронија на постоењето?...или можеби не, не знам, се е некако замаглено, зачадено. И тогаш слушнав бебешки плач. Дури да се свртам-се изгуби, остана само сеќавање.
Почетокот го турка времето, за потоа времето – крајот завиткан во црна свила и дрвено ковчеже...Нејасно...
Живееш за да оставиш трага или оставаш трага за понатаму да живееш. Седнав да размислам, јас, нештото што некогаш го нарекуваат човек, и се ми е замаглено и несфатливо... Размислувајќи заборавив да погледнам на времето, а веќе беше доцна, свтлото го немаше и дрвениот капак беше затворен.

Чад или магла

Вечерта беше прекрасна, неверојатна, неповторлива. Премногу луѓе, премногу зборови, музика колку што сме платиле. Муабет, штикли, звекање на ѕвездени маици, миничи, пократко од миничи, или само маички па на кого му притревал долен дел. Пантолани, шминка, шминка, парфем, шминка.
Ми се превртува во стомакот празнотијата од напорниот ден. Без храна,а со неколку кафиња веќе го правам Брилијантниот електичен танц, но без Џон покрај мене. Коњаницата стигна, а потоа и не така славната ергела, ...тензијата веќе почнува да расте...го чувствувам секое мускулно влакненце на моето тело како се згрчува се електризира. Мозочниот нерв пробува да ѓи контролира, но залудно е, револуцијата е веќе започната, враќање назад нема.
Вдишувам длабоко, ме потсетува на моменти на дивјачки секс кога се побива гравитацијата, во секоја соба на секое место... Издишувам, пламен ми излегува низ ноздрите, потсетува на борба да се стигне до оргазмот и да се зачува колку е можно дополго... Лавината почно, да видиме кој ќе ја преживее, затоа што токму тој ќе раскажува за неа. Беше време за одлука...мора јуначки да се издржи вечерва, а тоа значеше многу, многу алкохол, за да можам да заборавам барем дел од таа патетика...
Маскарада на луѓе кои ти нудат насмевки и в лице ти велат губитник, коркач, слабак... Ја дофатив, ја зграбив, ја впив во мене, ја почиствував среќата здобиена од налеаниот алкохол во мене. Не можам ни да ти опишам колку бев воодушевена од спокојот кој што го нудеше благо киселиот влус на она што го моткав и жуборкав во устата. Спасение, засолниште, дом...заштитен обрач околу мојата душа...дом... Удари, одчукувања, очајни виткања, пад,..јас седев и те чекав тебе. Ја заврчив првата стаклена, и веднаш побарав втора, не е безбедно да се здивне малку затоа што доволна е една искра за да биде фатално. Голтка по голтка сладок кристален отров ме гали, а каков е тој отров што воскресени нуди... Киселиот лимон прави да си ги подризам усните.  Расчадените оџаци ја замаглија просторија, ми ги зајадоа очите...се чувствував уште помизерно.  Но решив силно да го фатам ѕверот за врат, и и се приклучив на толпата која се тркалаше насекаде.
Успеав да го реанимирам располозението и адреналинот... бев среќна што успеав да се излажам себе си дека сум среќна, иако само за кратко. За да се осигурам дека ќе останам таква каква што бев, неприродно среќна, ја побарав и третата стаклена, стоев и те чекав тебе... Од време навреме при судир кој што беше неизбежен, ќе ме разлигавеше, повеќе за публиката одколку за мене или себе, се прашувам дали воопшт имаше нешто тука за нас. Некој некогаш ми кажа животот е фарса, составен од мали предстваки каде секогаш ќе има некој со свои епизодни улоги. Во овие мали представи некој живее искрено, а некој сам за себе ја земал актреската улога, актер во улога на актер, дали само за мене е очигледна иронијата? И додека го довршував бројот три го допрев дното, се трудев навистина се трудев да бидам она што сакаш да сум, но не успеав потфрлив. Не знам што точно се случи вечерва, немаше некое конкретно збиднување, изгледа се вечерниот  товарот кој што се накалеми на оној секојдневно постоечкиот ме кутна, мислев дека сум доволно силна, но длабоко погрешив. Ги стискав тупаниците и забите, уште петте минути да ги преживеам и потоа бегството ќе беше непречено.
Чекор по чекор, секој здив за секоја секунда...иако бев затворена во тој пекол, сепак ја чувствував свежината на чистиот воздух на мојата кожа. Излегов... конечна победа,...победа силно зачинета со горчината на поразот. Сакав да бидам таму, мислев дека и ти го сакаше тоа...го направи неподносливо да преживеам. Го слушнав во твоето чао скриено збогум, го видов во твоите очи олеснувањето што заминувам, здвнувањето по тргнатиот товар, го прочитав во твојата насмевка зајадливото прашање, зарем мислеше ако си одиш дека забавата ќе престане?, како да сакаше да ме дотолчиш. А не знаеш дека Кралицата веќе одамна ја носам в срце, со круната на глава се колнев дека шоуто мора да продолжи. Излегов, дури не стигнав да ги одпоздравам оние кои ми ја држеа раката вечерва, само излегов. Замо што вдишав од слободата заплакав. Беше премногу тешко, болно и тажно...Не знма како да ти го опишам тоа  што го чувствував, само знам дека беше се воедно излешано, но што и да беше беше неиздржливо. Влеков во тркачот и заплакав...се борев за здив, викав, плачев....се одеднаш, се измешано...од болка бев трошка сила, без трошка заштита од било кој, без прашање како си, без прегратка која е нема а ветува се. Сама со себе....во некое бесознание додека не застанав, уште некое време си дадов да се соземам...излегов и застанав. Стојам високо, одам силно...пред да заспијам се насмевнав на целата таа мака, ти се насемав тебе...Јас знам која сум, задоволна од она што ме гледа од другата страна на огледалото, а дали ти...????

Снег

Утринава ме разбудија сенките кои се кошкаа пред дрвената рамка. Игра на сиволо и нианси на бело... Скаменето лежам, внимателно вдишувам, секоја промена води кон неповратно губење на спокојот. Криви линии, купчиња, ридови, прекриени со истиот прав... Се загледав силно, фокусирав...принт скрин и меморирано во фолдерот на прекрасните утрински доживувања. Снег...

Стоев на скалилата, вчудоневидена од неочекуваниот пресврт... Го немаше металното страшило од конзервите на комшијата. Во прво време го презирав мирисот на метал кој скапува, се плашев од сенките што ги создаваше под стегите на неонката, но сепак бев благодарна затоа што на секое поминување во мене ја разгоруваше потребата од впрегнатост на сите сетила со цел да ги преживеам ромбоидните бомби кои секогаш успеваа да ги најдат моите стапала. Ги немаше...Снег...

Ја немаше ни флеката од засирената крв на плочникот... Го бев навикнала засирокот оставен од милото мало топче што ме позадравуваше секое утро по завршената утринска  активност. Која реткост е рано наутро, безусловно да добиваш кофи позитивна енергија и среќно и задоволно мрдање на малата топчеста задница. Дисколоритетот на плочките иронично поразен од еноличноста на белилото. Снег...

Се скрија и грдите графити кои ми ги замислуваа гости на секое нивно доаѓање. Исчезнаа неубавите фасади кои никој не се нафаќаше да ги обнови...Беше нов момент, сосема нов свет на сталоженост кој произлегуваше од униформитетот на неколку нианси.
Грдилото исчезна...спокој, чистина... движејки  се на местата каде што никој не зачекорил пред мене, успеав да стигнам височините и длабочините...со мисловна активност во Ворп брзина, застанав во средината на она што го паметев како зелено, со испружени раце ја отфрлив целата тежина од тоа да се биде јас.... 
Студенилото полека се пробиваше низ слоевите, уште повеќе допринесувајќи кон внатрешниот мир...се околу мене мируваше, бевме смао јас и белото. Денес бевме доволни јас и снегот... повторно се раздвижија сенките, ми го прекрија лицето... Беше едно од тие утра за меморирање во посебниот фолдер. Врнеше снег...

Ресет, I love you

Како е можно само еден збор, да ми предизвика краток спој во системот? Како е можно еден обичен поглед  да причини ерупција во одбранбениот штит, и да ме натера да гризам, штипам и удирам?  Не ќе да е опкружението од  луѓе виновно, иако поминав веќе цел ден обвинувајќи ги сите околу мене.  Тешко ми е да им кажам извини во лице, ама си го стегнав срцето јуначко и низ заби го исутив... И демек сега некој  ќе ми каже егото ми отишло на ново -1, ама она што не знае е дека свесноста ми се подкачила на многу повисоко од моркоското ниво. 
После кои дванаесет саати поминати од денов, почнав да прашувам , Девојко кој ти е тебе проблемот? Мајка ти и татко ти те сакаат најмногу на цел свет, и кутрите не само што дубат на глава, туку почнаа и на трепавици да дубат, како е можно, луѓето ни криви ни должни да ги убиваш со ладниот и оштар тон на глас. Не ми се верува дека успеав и да се нафурам на еден обичен коментар за употреба на узречица, јез да  коментарот беше од човек на кој што чашата му се прелила 1000 пати, и секој пат ја празнам и почнувам од почеток.  Идиот!!! Толку трошење на сама себе.....ама Зошто?  Бев до браната денес, демек ќе го излуфтирам тоа чувството на немирност што ме јадеше од првото будење сабајлево, ама некако безуспешно излезе. Што се случува? И дури поставував илјада и едно прашање,  во меѓувреме пукав и изигравав кастратович, и ме лупна по глава, нос, гади стомак... слепа, глупава, наивна или несвесна... незнам кое е од сите овие, ама.... кога имаш нешто што всушност го немаш, песок што ти се истура од дланките без  разлика колку цврсто и да ги држиш, што понатаму? Што да превземеш, како да се одбраниш? Како да зачуваш нешто што во суштина не е твое? Што, како, кога каде?!?
Фигура на небото, присутна се додека ветрот не реши дека е доста, дувне и избрише се ...И се чувствувам немоќно, затоа што и покрај целото самообележување, знам дека не сум глупава, ниту наивна...знам дека имам нешто што немам, фитилот е веќе запален, се чека само на експлозијата, секој момент... Зборот претопен во дело, Неможам-Немам, создава фрустрација која ја истурам врз сите невини и случајни минувачи во животов. Да биде трагедијата погoлема , знам дека ќе продолжам вака, и ќе терам вака се дури не се почувствувам дека сакам да одгризам нечија вратна жила. Ако веќе е нешто што не постои, како е можно да го чувствувам толку длабоко под кожа.
Нова лента, нов филм ... дај да лупнам еден ресет.  Сакам ресет,сакам  еден голем црвен тарстер ресет!!! Стави хајлајт на тоа дека САКАМ... те сакам тебе.

Зошто боли без човекот?


Ја имаме целата љубов на светот, целото внимание, целата посветеност...Зошто никогаш не е доволно? Кога ги имаш луѓето покрај тебе, кога безусловно имаш зрачење на телесна топлина, дланките секогаш залепени, прстите преплетени, зошто не го прифатиш благословот, зошто еднаш не речеш доста е...сит сум...

Смеа поделена на две, насмевка која плени, сталожува, никогаш еднаква, многу попосебна од онаа индивидуалната, единствена и сама. Единица солза болно пече, нема кој да те дофати, да те поткрепи, горко да подголтне со тебе… Лекомислен приод на нешто што ти ја топи душата, ти ги заруменува образите, ти го забрзува срцето и грчи стомакот. Биди искрен и отворен, биди заљубен и возбуден, откривај се себе си со тоа што ќе допреш, почувствуваш, доживееш нешто ново кај оној до тебе... Зошто не знаеш да цениш, иако знаеш да сакаш, зошто ли ти е толку страшно да кажеш Да се заљубив, тоа е моментот на вечност, тоа е она вистинското, единствено и последно... Летаргичност од самата помисла на понатамошна едноличност и монотонија, Зошто?     

 И кога оддеднаш се ќе се избрише, кога она што го познаваш како живот веќе нема да биде твој, неиживеаноста ќе те удира во глава, благото ќе горчи,a солта блуткава и без вкус. Минатото те боли како сега да е, грутката во грлото ќе се зголемува...Сенката твоја некој друг ја има зад себе, мачнина во дупката под градите...неможеш да земеш здив, срцето ти се грчи и прерипнува...ти фали човекот...и кога си со луѓе, повторно ти фали...и кога си најсреќен, не си исполнет ... Никогаш доволно, никогаш заситеност од сето она што ти го нуди светот...ако е така, зошто сега те боли, не самотијата, туку самотноста без човекот? Зошто сега боли?

Џезабел

Џезабел, затвори ги очите, дозволи сонот нека те совлада, попушти еднаш... Еднаш, лимениот џин нека остане во сенка од големината што ја има во човечноста и кревкоста твоја. Кога боли, скриј се, не ја разголувај кожата во повик на новите удари,заплачи, свиткај се, сврти ја главата, скриј се.  Херојот не видел сонце, не видел сино небо и безгрижност, секогаш во дефанзива, секогаш на готовност... слобода без грч, никогаш.  
Крени ги рацете, рашири ги дланките, нека зрачат прстите, пушти солза, или само викни, не е ради другите туку ради себе, ослободи се од притисикот секогаш да бидеш со здрвен врат. Свиј се, развлечи се како жална врба и кажи го гласно БОЛИ. Зарем мислеше доволна е една весела мимика, и навистина да се смени она што го чувствуваш,  насмевка за сите останати, пеколна претстава за тебе. Велиш вистината ќе стане лажна, лагата вистинита, а кога ќе се случи тоа се  ќе биде полесно, розевото ќе биде исто како црното, а црното исто како се останато. Розеви наочари им ставаш на сите околу,се е прекрасно, неверојатно, весело, самовили и виленици  во единство со целата природа се журкаат на отворена забава со магичен ѕвезден прав. Што и да е, која и да е призмата...одсликување, пресликување, илузија, можеш да ги излажеш сите но не и себе си. И да си најупорна на целиот свет, премачкај си ги очите, површината зрачи боја, а не она внатрешното , суштинското. Ќе се лажеш себе, и од почеток ќе се тераш себе си да си веруваш, а после некое време веќе ќе веруваш во сопствената измислица...навистина? Кога ровови се издлабени, прашање е само на време кога конструкцијата тло ќе стане.
Знам дека те боли, престани со фасадата... те боли, ама излези од ироничната комедија, застани на нешто макар и прстиња, ама стој. Те гледам како центар на вниманието и случувањата околу тебе, стаклени округли чаши, заводливи движена на ритамот кој ти годи... Центар на тагата своја, ја опиваш болката со слатко-горчливи обоени пијачки. Не се ни обидувај да ги изедеш чувствата. Затвори ги очите за момент, стиси ги прстите во тупаниците, замисли ги брезите, боровите и елките околу тебе и викни, викај колку што  те дршат жиците од тамбура, викај и не запирај додека вентилот сам не се испразни...викај затоа што те боли, викај затоа што си сама, викај затоа што се чувствиваш ладно, викај затоа што си несреќна...викај, не го бандажирај чувството во себе, не се склопчувај.
Признај си ја болката на себе, а останатите помножи ги со нула...признај си себе,  дишење без задршка, движење без засечки...живеење...живеење со болка, но без страв од неа, моја Џезабел... моја драга Џези.

Можеш ли да ми помогнеш?

Нешто фали...Периодов е таков, не е празен, има циркулација, а сепак едно мало делче од мене атрофира. Имаш ли идеа како да ми помогнеш?
Верувај ми се обидов, веќе подолго време создавам револуција од настани, случувања и преокупации, но финалето е сепак проследено од тоа безбојно делче...а толку силно се обидувам да го ставам прстот врз него.  Го имам целиот ден испланирано, знам одприлка колку време ќе поминам во канцеларијата, и колку време ќе ми треба да стигнам од дома. Веќе првите дваесетина минути  од пристигнувањето ми поминуваат во одкопчување копче по копче од кошулата и соблекување на хулахопките. Некогаш трае и подолго, знаеш ослободувањето од прангиите и не е така лесно и едноставно како  што мислиш, тоа е процес во кој што сакам да уживам, да го продолжам впечатокот на повторното здобивање со слобода. Светол отпечаток, кој трае многу кратко ...само момент...можеби е тоа поради невидливата коцка.  Следи едночудо празнење на енергија, самоповредување, желба да се скроти сенката на црниот пантер... И по сите прескокнати обрачи следи договореното кафе, опуштено место, опуштени луѓе, и тоа невидливо лего што не можам да го дофатам. Имаш ли идеа каде е невидливото? Можеш ли да ми помигнеш?

Излегувам надвор од округот, од опкрижението, на четири се тркалам до точките. Ме дочекува променет екстериер, насмевки, по некој гласен збор... Задоволство кое го очекувам, затоа што филмот беше квалитетен, а уште поважно столчињата беа како лежалки, машината за проектирање беззвучна, а снимката со одличен квалитет, сето тоа зачинето со која солена пуканка. Дали само мене ова ми изгледа на добро осмислена, но сепак наметната режија? Кажи ми што мислисш ти?

Сакам да летам со параглајдер...до таму стигнав со потрагата, се решив  парчето да го барам во воздух, таму горе, меѓу облаците...  По патот со облаците, до неможам да земам воздух од што ме форсира адреналинот, стигнав до слика на безбедно приземјување, насмевка која ослепува и еден пиксел кој што недостасува...  Можеби подобро ги согледуваш работите, те молам кажи ми што да направам?

Само што забележав дека изедов пола тегла домашно слатко од сливи, верувај ми беше прекрасно, а сепак не се чувството  не е пресликано.  И не, не е дека ме боли желудникот. Го размачкав слаткото по сликата со адреналински оптеретената насмевка,... не ја пополнив точката без боја.

 Тажна сум... Убаво ги чувствувам аглите на тоа проклето геометриско тело ... коцката... толку јако што успевам дури да и се доближам,... Ја фатив..., е сега си моја. Тажна, а сепак доволно свесна за да можам да си признаам... Го пронајдов лежиштето,  неоспорно совпаѓање,...само тешко ми да ја прокнижам мислата до себе. Горда, а сепак искрена да признаам...го ставив прстот врз условно безбојниот дел, шепнав, можеби за да не дочујат останатите силуети во празнотија во собата...Видов...Туѓа насмевка, подадена рака, зрачење на телесна топлина, поглед со грижа во зениците... Видов човек...   Го држам силно прстот на безбојното  делче, имаш ли идеа како да ми помогнеш?

Жонглер


Што да правиш кога кошницата ти е преполна?

Притисок и вртлози создадени од мешавината на енергии и емоции. Веќе со години ти ги трупаат рацете, скутот и престилката со решени рубикови коцки, патокази  и анемометри за сите можни дестинации.
Какво олеснување, создавање на сопствени мисли,не!
Донесување на сопствени одлуки, не!
Живеење по свој терк, не!
Бакнување по сопствен инстинкт, не!

Деловник содржан од правила и прописи, кодекс на движење и спроведување на себе си низ светот. Цицалче, плач  за да си ги искажеш потребите, глад,немир,нервоза,непријатност,плач за да потврдиш присутност, покажеш живот. Без зборови, без букви, само еден глас, еден писок и доволно е да бидеш слушнат, разбран, дури послушан и прифатен, дури и дишењето ти е разбрано.

Старееш, читаш книги, разговараш, резонираш полемизираш, а со секој ден, со секоја прелистана страна и акумулирана година стануваш се потивок, незабележлив, неразбран. Незабележлива иронија, или посилниот го диктира тактот на чекорење. Парадоксот на седобриот, сеопростливиот, серазбирливиот одгледувач.                                                      

Растеш, од фетус до трска, растеш човеку, а со секој милиметар се обидуваат да те оформат во голема капка вода во кандилото полно со масло. Нервира, иритира и фрустрира.  Од почеток па до самиот крај, од првото утро до последниот мрак, сите се разновидни, сите се посебни, единки сами за себе, независни од сите струи и зрачења. Тогаш зошто ти креатору мој се обидуваш да ме водиш со шинтерскиот стап, повлечи кога ќе застранам од твојата патека, затегни ако протестирам, уди по муцката ако се бунтувам. Кога ќе се погледнам во огледалото треба да се видам себе или тебе, треба да ги одиграм твоите чекори или можеби да ги проследам оние тонови од музиката кој ти си ги испуштил. Зарем сум кукла заробена во твојата музичка кутија, се вртам околу својата оска со секое навивање на механизмот, или можеби сказалката од твистерот која ја вртиш ти е одредиштето на моето утре. Свиткан врат и завиен рбет, но што кога грамадно ќе ја исправам снагата, што потоа? Ќе удиш со стап по мене, ќе бодеш и сечеш онаму каде што најмногу боли...избежна изнудената послушност, презир, гнев, одбивност, далечина... Тоа сме јас и ти.. Како што стискаш на моите копчиња од машината за куцање, така јас ја пишувам мојата приказна. Акција-реакција, Њутон знаел што зборува, ефект по кој сосема сигурно следи и контра... А не сакам, верувај ми не сакам, но кога изборот се сведува на доток од инка, тогаш ги заборавам трите точки и ставам една завршна без двоумење, без мисла, без можност за додавки, исправки.                                                                                                                                                                                                                          

 Што да се правиш кога кошницата ти е преполна? - Почни да жонглираш.

Wednesday, December 14, 2011

Сонце...

Шест часот наутро, минус шест степени надвор, душа згрчена, а сеотворена како полињата во Тексас. Сивило надвиснало над градот, зима е. Суви гранки, исушени прачки,изгорена трева од студ и слана. Суво, грдо, утепувачко...
Сонцето не е најавено ни за следните 5 дена, ќе не дотепа безличнава монотонија. Вака е веќе некој период, денови се, ама се неверојатно долги, како да не сакаат да завршат. Завчера ме прашаа како ти беше денот, одговор: Заврши! Не е дека нешто посебно се случи, денот на работа беше добар, денот после работа исто така, ама денот од почеток до крај како да сакаше да ми ја здроби внатрешноста. Вакум келија се создаде во мене, секундарникот го чувствував и во малото прсте на стапалото, а денот беше нормално добар. Бев немирна зошто не го видов тој ден. Сакав, а не можев, и ќе кажев дека баш  тоа беше денот кога навистина ми требаше, но баш денот не беше ден, беше период, сакав да го гледам секој ден, лаком ненаситен створ. Додека се случуваше одчукувањето на густо поставениот вакум, навлеков неколку слоеви памук, ликра и полиестер, волнено капче и ракавици ... и се посветив на фиктивно презентираниот тренинг за дваесет и единицата, која се надевам ќе дочекам да ја почнам и завршам. Под вака добро смислен изговор, се упатив накај реката, не сакав да се зауздам, сакав да се истрошам, да ги исцедам сите емоции надвор од мене,сакав да не те сакам. Триесет минути, минус степени, и нешто пот. Резултат: илјада и осумстотини секунди поминати размислувајки на секој момент поминат заедно, креирање на среќна, но нереална иднина. Не престанав да мислам, ама барем се изморив, заспав веднаш. Вчерашниот ден, до некаде ист како и тој пред него, сивило, суви гранки, студен воздух што ми ја заруменува кожата, ден за искупивање, ден за моментни насмевки, ден за  скриени средби, ден...Еден цел ден, составен од  неколку часа на прегратки и милување, остатокот е само небитна и маглива бука...
Постоењето на денот пресликано во часовите поминати со тебе. Денот ми беше важен, одбележан, спремен за  креирање незаборав, само затоа што го поминав во тебе. Благодарна на гените и крвта што ме направија толку емотивно патетична. До пред скоро викав дека сум емоционален инвалид, оштетена, но после тебе се создаде емоционална плима што се обидува да ме потопи. И ќе заминев насмена, среќна, исполнета, да не беше само... Можеби и не се сеќаваш, можеби и несвесно, вчера ми го кажа изборот, ќе се сретнеме повторно за некое време, за денови кои најверојатно ќе преминат во период, период ист како овој, кој флегматски и лежерно се тегне и никако да помине. Како мало дете верував, искрено и наивно, јас реалиста во разум, а сонувач во срце. Изборот не падна на мене.
Денот нов денешен, треба да е мизерен и посив од кога и да е,....Кога срцето ми е чисто, и љубовта искрена, сонцето свети само за мене, единствено за мене. Насмеана сум денес, стресно насмеана, насмевка за да не пуштам солза за момент... Жртвена кралица, за доброто на колективот, забава и раскажуванки меѓу своите интерни кругови. Нека ни е на чест на сите, кој како ја има, нека ни е на совест на сите, кој како ја има...  Заврна и снег денес, студено е, степените се повторно на минусна скала, а разлика никаква нема, затоа што веќе замрзнав цела, периферна циркулација непостоечка, главен мускул осамнат во тишина...
Придушено светло,  ме покрива белило, ми создава слепило за сите грди работи, за целата неубавина, за се она што ми создава грижи. Се е замрзнато во еден момент на душевно засолниште, ја кревам главата нагоре за да ја впијам целата смиреност. Сакам... целина исполнета со љубов, без излезен вентил, и субјект на насочување. Денес навистина сакам... горда на себе, а со надеж за тебе...  Минус шест степени,  пладне, топлина, и опуштеност. Денес, со желба за утре со СОНЦЕ. 

Затоа што требаше јас...

Денот денес не беше сјаен, стискам палци на дланки и стапала да заврши побрзо, да дојде сонот и утре се ќе биде пријатно,весело и насмеано...Но што кога денот по утро се познава, а утрото по сонот...Соништа тешки надвиснале како сеништа, кошмари со карамелизирани срчи по краевите. Утрото доага, а посакуваната опуштеност ја нема,згрчени мускули,студенило на вратот и стапалата, празнина во душата. Денот почнува да тече по веќе виден колосек, празнина, црна дупка во стомакот и градите, а баш се надевав дека нема да биде така. Зошто се јавува ова чувство? Семејството е некомплетно, ама мислев дека го преживеав тоа, работата е како и секогаш, лугето се како и секогаш, љубов,се е исто, а ова чувство пробива и убива. Од каде ли се роди проклето едно?  
Застанувањето на две нозе наутро станува тешко, а очите се дразнат веднаш. Има многу работи кои мачат и притискаат... Деновиве,периодов посветив многу мисли на Сики, аххх колку само ми фали. Еве и сега додека пишувам се разранувам и солзам, и после три години ништо не е променето. Уште не ми е јасно,не е болка во прашање, туку хаос и агонија, неможам да раскажам што ми се случува во главата и душата кога мислам на неа, а мислам постојано, мислам секој ден, секое легнување и станување, секоја минута кога мислата не ми е конкретна, секој момент поминат покрај местата што сме ги посетувале заедно...Места и заеднички дозивувања, спомени, толку имам, а сакам повеќе сакам уште,сакам нови...сакам. Би менувала места, навистина би менувала, заслужила повеќе од нејзините дваесет и пет, заслужила многу повеќе, го заслужила светот да го има на дланка, а стотина за да доживее и преживее среќа,радост, по некоја тага, да искуси плоден живот. Го слушам навечер титкањето на машините и се јадосувам со мислата Можеби требаше да дадеме повеќе време, силна е, можеби ќе се извлечеше безразлика на она што сите го викаа,безразлика на белите и црните мантии, не требаше да ја пуштиме и да се откажеме, барем не требаше да го направам тоа јас. Како да продолжам имајќи ја таа вистина во глава? Зарем тоа не е исто како да сум ја избришала јас, како јас да го исклучив кабелот, јас бев диригентот на оној едноличен тон кој пробива се тииииииииииииииии. Моите не беа силни, требаше јас да бидам за нив, за сите нас дури и за неа, зошто не издржав барем еден ден повеќе...Стискам и плачам, ми доаѓа да викам, да викам на сите...Лута сум на цел свет, ама изгледа најмногу сум лута на себе.
Од целата таа лутина и гнев, тага и очај, празнотија произлегуваат расправии и викање со остатокот од опкружувањето, казна за лугето што ги сакам.   

...

Кога е правиот момент да ставиш точка? Семантика и синтакса, ја завршувам реченицата, мислата и немам повеќе ништо што да кажам... се е кажано, и ставам точка. Завршено е, крај на приказните, случувањата... дали навистина можеш да ставиш точка на нешто што ти било секојдневие, да ставам точка на мислата со која заживувам наутро и спласнувам навечер, можеш ли? Можам ли?

Нов ден, ново утро, нови бројки на датумарникот, се е ново, а сепак исто, истите луѓе, истите проблеми, точката се стркала, не е една, веќе се три...

Ме повреди, ми го скрши срцето пред некој ден. Не ми рече ништо конкретно, ниту пак направи нешто, едноставно жапчињата предизвикаа лавина, турбуленции и цетрифуга, она што беше долу сега е горе, она што беше горе остана загушено под тежината на горниот слој. Насмевките, прегратките и утешните погледи кои нудат спокој, ги снема, изгореа под пламенот на згрутчената болка. Те сакам, чувствувам и мислам, но реалноста ја престигна идилата, мутација во презир. Времето овде ни е кратко, настојувам на максимално должинско искористување, себично се сакам , затоа и неповратно те сакам секогаш покрај мене, зарем не е очекувано тоа, разбирливо? Колку што е моментно времето за љубов, толку е периодично времето за болка, желба за украдена интимност и внимание. Остануваат траги од слободно креативна омраза. Звуци на кршење, роварење на земја и  гребење по стакло, ги собирам парчињата што останаа одкако се скршив.Самотијата, кусата љубов, недоволно време, краткоста на моментот на внимание, украдена интимност... Ми треба комбинација од минус и цилиндар, избистрена и изоштрена слика, зошто вака едното се множи со три... Останаа само  ...