Денес не знаев каде да те побарам! Секогаш беше некаде околу, пред, зад, со мене, знаев дека си тука. Денес не можев да те видам, ти не беше... Ти го чуствував мирисот и топлината, ти го слушав и гласот, но тебе те немаше. За прв пат во ова тврдоглаво јазење ме остави сама, не знаев што понатаму, не знаев како понатаму. Те барав да ми кажеш која дупка беше следниот потег, ...безброј јами, секоја со свој тек, секоја со своја сложувалка на дното, без тебе не знаев каде.
Застанав некаде по патот, бев одлучна да чекам да дојдеш, не можев сега без тебе.... Нишката постоеше одамна, невозможно е да прекине... Светлината почна да се губи... Дрво или сува слама, мили очиња или мршојади..., полека почна да се стеснува кругот на светот кој ми беше познат, чуствував дека зачекорувам во деветата димензија на мегу просторот... Сама..., се изгледаше непознато и туѓо, морничаво и страшно. Сеуште не се поместував. Мракот веќе ми ги сокри нозете.
Прошепотев. Прозборував. Викав додека не ми се распара грлото. Те барав тебе, мислев ќе ме чуеш, пронајдеш... Постојана тишина и некое црнило што пробува да ти се вгнезди во душата. Стоев и гледав во сувото дрво, толку круто, сурово вознемирувачки непријатно. Гледав како се придвижуваше на секое поминување на ветрот, знаев дека сака да ме допре, да ме помилува, да ме уништи со сувите гранки...сакаше да заминам. Сувата слама ми ги корнеше ноздрите и дразнеше внатрешноста, ме предизвикуваше.
Веќе не ги гледав ни дланките, веќе не гледав ништо... Бев слепа за секое збиднување, стоев и чекав. Го чув лизгањето на секачот, го претчуствував неговото доаѓање, мирисот на крв од неговата престилка ме натера да се изчезнам во самата себе. Замавна... ми ги ослободи ткивото... сакаше да ме испаши, сакаше да заминам од неговиот дом, од неговото место, од неговата земја,... сакаше да ме нема. Неприфатлива расврска,...знаев дека само доколку останам таму ќе те најдам тебе.
Огнените трчала ја почуствуваа мојата потреба да останам, ја реализираа својата желба...ги изедоа ноктите и мекото мевце...трулеж и болка. Полека почна да ме снемува, работливата заедница ги сруши темелите, полека почна да ме снемува.
Прстенот веќе ми го притискаше душникот, ... дрвто, сламата, трчалата, сенката, секачот...ме корнеа и по секој удар сурово гледаа... чекаа да се одкажам, да заминам. Но јас возвраќав со истата болка,...Останав...не знам каде без тебе,...ќе ме најдеш,... не знам како без тебе... Останав, те чекав, те чекав тебе Сики.
No comments:
Post a Comment