Седнавме така ние и бистриме политика... како сите држави биле поОК од нас, колку се ни било лошо, колку сме биле заостанати... и што ти уште не, се до оној момент кога ни текна дека ние всушност сме Македонци и големи патриоти, и ако ние не си ја фалиме Македонија кој ќе ни ја фали?
А викаме се е лошо, е како да не, ние имаме највкусна храна на свет. Што милисш што јадат познатите фаци кога ќе дојдат во Мкд? И кога ќе си отидат никој од нив не зборува за бизнисот, економијата или политиката тука, туку зборуваат за храната. Значи клучот за успехот на Македонија: сирењето, питата, ајварот, сторените пиперки, гравчето... а можам вака до бескрај да пишувам. Заклучок: Одиме во Европска Унија со по една тегла ајвар, погача леб и кантиче кисело млеко.
Викаат ние не сме биле народ за восхит и стравопочит. Е, ај да видам некој друг да испече 100кг пиперки за два дена (еден викенд). Па, кај треба да ги печеш, уште треба и да ги лупиш. И додека ти виткаш кичма и валкаш прсти, најадените ни гости од највкусен ајвар лежат на некоја плажа, ама гајле ти е, оти ти тоа го правиш за атер на Македонија. По завршениот ајвар продолжуваме со туршијата. Сторените пиперки и киселите зелчиња. Е сега малку мака со расолот ќе имаш, ќе трпиш и оцетна реа и ќе киснеш раце во солило, ама кога се мора, се мора.
И таман ќе помилисш готова е работата, се сме завршиле, ќе фаќаме чартер за Европа, овие “одозгора” не запираат. Зошто? Е каде се тргнувало на долг пат без гравче? А и туршијата не одела сама?! И брзо, брзо, на две на три, готово е и гравчето, ама за да се фати мајата ставаме и по едно сушено пиперче. Готово!
Вака спремни, настегани, ЕУ не ни бега, оти на сите им се лакоми рачето по нашето...
...Му раскажуваше бабата на своето внуче, кое веќе одамна беше заспано и го сонуваше синото знаме и неговите 12 жолти свездички.
No comments:
Post a Comment