Wednesday, December 14, 2011

Сонце...

Шест часот наутро, минус шест степени надвор, душа згрчена, а сеотворена како полињата во Тексас. Сивило надвиснало над градот, зима е. Суви гранки, исушени прачки,изгорена трева од студ и слана. Суво, грдо, утепувачко...
Сонцето не е најавено ни за следните 5 дена, ќе не дотепа безличнава монотонија. Вака е веќе некој период, денови се, ама се неверојатно долги, како да не сакаат да завршат. Завчера ме прашаа како ти беше денот, одговор: Заврши! Не е дека нешто посебно се случи, денот на работа беше добар, денот после работа исто така, ама денот од почеток до крај како да сакаше да ми ја здроби внатрешноста. Вакум келија се создаде во мене, секундарникот го чувствував и во малото прсте на стапалото, а денот беше нормално добар. Бев немирна зошто не го видов тој ден. Сакав, а не можев, и ќе кажев дека баш  тоа беше денот кога навистина ми требаше, но баш денот не беше ден, беше период, сакав да го гледам секој ден, лаком ненаситен створ. Додека се случуваше одчукувањето на густо поставениот вакум, навлеков неколку слоеви памук, ликра и полиестер, волнено капче и ракавици ... и се посветив на фиктивно презентираниот тренинг за дваесет и единицата, која се надевам ќе дочекам да ја почнам и завршам. Под вака добро смислен изговор, се упатив накај реката, не сакав да се зауздам, сакав да се истрошам, да ги исцедам сите емоции надвор од мене,сакав да не те сакам. Триесет минути, минус степени, и нешто пот. Резултат: илјада и осумстотини секунди поминати размислувајки на секој момент поминат заедно, креирање на среќна, но нереална иднина. Не престанав да мислам, ама барем се изморив, заспав веднаш. Вчерашниот ден, до некаде ист како и тој пред него, сивило, суви гранки, студен воздух што ми ја заруменува кожата, ден за искупивање, ден за моментни насмевки, ден за  скриени средби, ден...Еден цел ден, составен од  неколку часа на прегратки и милување, остатокот е само небитна и маглива бука...
Постоењето на денот пресликано во часовите поминати со тебе. Денот ми беше важен, одбележан, спремен за  креирање незаборав, само затоа што го поминав во тебе. Благодарна на гените и крвта што ме направија толку емотивно патетична. До пред скоро викав дека сум емоционален инвалид, оштетена, но после тебе се создаде емоционална плима што се обидува да ме потопи. И ќе заминев насмена, среќна, исполнета, да не беше само... Можеби и не се сеќаваш, можеби и несвесно, вчера ми го кажа изборот, ќе се сретнеме повторно за некое време, за денови кои најверојатно ќе преминат во период, период ист како овој, кој флегматски и лежерно се тегне и никако да помине. Како мало дете верував, искрено и наивно, јас реалиста во разум, а сонувач во срце. Изборот не падна на мене.
Денот нов денешен, треба да е мизерен и посив од кога и да е,....Кога срцето ми е чисто, и љубовта искрена, сонцето свети само за мене, единствено за мене. Насмеана сум денес, стресно насмеана, насмевка за да не пуштам солза за момент... Жртвена кралица, за доброто на колективот, забава и раскажуванки меѓу своите интерни кругови. Нека ни е на чест на сите, кој како ја има, нека ни е на совест на сите, кој како ја има...  Заврна и снег денес, студено е, степените се повторно на минусна скала, а разлика никаква нема, затоа што веќе замрзнав цела, периферна циркулација непостоечка, главен мускул осамнат во тишина...
Придушено светло,  ме покрива белило, ми создава слепило за сите грди работи, за целата неубавина, за се она што ми создава грижи. Се е замрзнато во еден момент на душевно засолниште, ја кревам главата нагоре за да ја впијам целата смиреност. Сакам... целина исполнета со љубов, без излезен вентил, и субјект на насочување. Денес навистина сакам... горда на себе, а со надеж за тебе...  Минус шест степени,  пладне, топлина, и опуштеност. Денес, со желба за утре со СОНЦЕ. 

No comments:

Post a Comment