Wednesday, December 14, 2011

Затоа што требаше јас...

Денот денес не беше сјаен, стискам палци на дланки и стапала да заврши побрзо, да дојде сонот и утре се ќе биде пријатно,весело и насмеано...Но што кога денот по утро се познава, а утрото по сонот...Соништа тешки надвиснале како сеништа, кошмари со карамелизирани срчи по краевите. Утрото доага, а посакуваната опуштеност ја нема,згрчени мускули,студенило на вратот и стапалата, празнина во душата. Денот почнува да тече по веќе виден колосек, празнина, црна дупка во стомакот и градите, а баш се надевав дека нема да биде така. Зошто се јавува ова чувство? Семејството е некомплетно, ама мислев дека го преживеав тоа, работата е како и секогаш, лугето се како и секогаш, љубов,се е исто, а ова чувство пробива и убива. Од каде ли се роди проклето едно?  
Застанувањето на две нозе наутро станува тешко, а очите се дразнат веднаш. Има многу работи кои мачат и притискаат... Деновиве,периодов посветив многу мисли на Сики, аххх колку само ми фали. Еве и сега додека пишувам се разранувам и солзам, и после три години ништо не е променето. Уште не ми е јасно,не е болка во прашање, туку хаос и агонија, неможам да раскажам што ми се случува во главата и душата кога мислам на неа, а мислам постојано, мислам секој ден, секое легнување и станување, секоја минута кога мислата не ми е конкретна, секој момент поминат покрај местата што сме ги посетувале заедно...Места и заеднички дозивувања, спомени, толку имам, а сакам повеќе сакам уште,сакам нови...сакам. Би менувала места, навистина би менувала, заслужила повеќе од нејзините дваесет и пет, заслужила многу повеќе, го заслужила светот да го има на дланка, а стотина за да доживее и преживее среќа,радост, по некоја тага, да искуси плоден живот. Го слушам навечер титкањето на машините и се јадосувам со мислата Можеби требаше да дадеме повеќе време, силна е, можеби ќе се извлечеше безразлика на она што сите го викаа,безразлика на белите и црните мантии, не требаше да ја пуштиме и да се откажеме, барем не требаше да го направам тоа јас. Како да продолжам имајќи ја таа вистина во глава? Зарем тоа не е исто како да сум ја избришала јас, како јас да го исклучив кабелот, јас бев диригентот на оној едноличен тон кој пробива се тииииииииииииииии. Моите не беа силни, требаше јас да бидам за нив, за сите нас дури и за неа, зошто не издржав барем еден ден повеќе...Стискам и плачам, ми доаѓа да викам, да викам на сите...Лута сум на цел свет, ама изгледа најмногу сум лута на себе.
Од целата таа лутина и гнев, тага и очај, празнотија произлегуваат расправии и викање со остатокот од опкружувањето, казна за лугето што ги сакам.   

No comments:

Post a Comment