Thursday, December 15, 2011

Ресет, I love you

Како е можно само еден збор, да ми предизвика краток спој во системот? Како е можно еден обичен поглед  да причини ерупција во одбранбениот штит, и да ме натера да гризам, штипам и удирам?  Не ќе да е опкружението од  луѓе виновно, иако поминав веќе цел ден обвинувајќи ги сите околу мене.  Тешко ми е да им кажам извини во лице, ама си го стегнав срцето јуначко и низ заби го исутив... И демек сега некој  ќе ми каже егото ми отишло на ново -1, ама она што не знае е дека свесноста ми се подкачила на многу повисоко од моркоското ниво. 
После кои дванаесет саати поминати од денов, почнав да прашувам , Девојко кој ти е тебе проблемот? Мајка ти и татко ти те сакаат најмногу на цел свет, и кутрите не само што дубат на глава, туку почнаа и на трепавици да дубат, како е можно, луѓето ни криви ни должни да ги убиваш со ладниот и оштар тон на глас. Не ми се верува дека успеав и да се нафурам на еден обичен коментар за употреба на узречица, јез да  коментарот беше од човек на кој што чашата му се прелила 1000 пати, и секој пат ја празнам и почнувам од почеток.  Идиот!!! Толку трошење на сама себе.....ама Зошто?  Бев до браната денес, демек ќе го излуфтирам тоа чувството на немирност што ме јадеше од првото будење сабајлево, ама некако безуспешно излезе. Што се случува? И дури поставував илјада и едно прашање,  во меѓувреме пукав и изигравав кастратович, и ме лупна по глава, нос, гади стомак... слепа, глупава, наивна или несвесна... незнам кое е од сите овие, ама.... кога имаш нешто што всушност го немаш, песок што ти се истура од дланките без  разлика колку цврсто и да ги држиш, што понатаму? Што да превземеш, како да се одбраниш? Како да зачуваш нешто што во суштина не е твое? Што, како, кога каде?!?
Фигура на небото, присутна се додека ветрот не реши дека е доста, дувне и избрише се ...И се чувствувам немоќно, затоа што и покрај целото самообележување, знам дека не сум глупава, ниту наивна...знам дека имам нешто што немам, фитилот е веќе запален, се чека само на експлозијата, секој момент... Зборот претопен во дело, Неможам-Немам, создава фрустрација која ја истурам врз сите невини и случајни минувачи во животов. Да биде трагедијата погoлема , знам дека ќе продолжам вака, и ќе терам вака се дури не се почувствувам дека сакам да одгризам нечија вратна жила. Ако веќе е нешто што не постои, како е можно да го чувствувам толку длабоко под кожа.
Нова лента, нов филм ... дај да лупнам еден ресет.  Сакам ресет,сакам  еден голем црвен тарстер ресет!!! Стави хајлајт на тоа дека САКАМ... те сакам тебе.

No comments:

Post a Comment