Седнав да размислам, јас – ништожник човек, јас- личноста која не знае ништо, па дури ни самиот себе. И се некако ми се гледа замаглено, се е зачадено... а огледалото замрежено, кандилото неизгаснато...
И додека се трудам да го видам хоризонтот и нештата кои од време на време ги нарекувам луѓе, пред залезот сонцето ми го зададе псоледниот удар, ми ги згрчи зениците, и неможев да видам, неможев да сфатам...
Зачекорив по распуканата земја, почуствував студ, а потоа и трепет и татнеж, флуид на знаење протече низ мене. Од моментот на создавањето до сегашниот сегментен момент на уништување. Од ништо, од невидливи живи нешта до висококатници и моето ПЦ и пак наназад. Ме забуни јагленосаното дрво, во своите жили сеуште имаше животни сокови, а сепак исчезнуваше... Иронија на постоењето?...или можеби не, не знам, се е некако замаглено, зачадено. И тогаш слушнав бебешки плач. Дури да се свртам-се изгуби, остана само сеќавање.
Почетокот го турка времето, за потоа времето – крајот завиткан во црна свила и дрвено ковчеже...Нејасно...
Живееш за да оставиш трага или оставаш трага за понатаму да живееш. Седнав да размислам, јас, нештото што некогаш го нарекуваат човек, и се ми е замаглено и несфатливо... Размислувајќи заборавив да погледнам на времето, а веќе беше доцна, свтлото го немаше и дрвениот капак беше затворен.
No comments:
Post a Comment