Thursday, December 15, 2011

Зборував, вчера

Вчера прозборев. Ми олесна на душата, не ми тежеше веќе, ама беше подеднакво непријатно. Веќе извесно време излегувањето ми е еквивалентно на непријатност, самотија, гледање на часовникот и молба некој нешто да рече да ја убие тишината. Никогаш немаше да поверувам дека ќе стигне и оној момент кога седењето на игли ќе ми биде попријатно, дури ја добив и желбата да седам со групата, нормално исклучуваќи ја големата скијачка ѕвезда.
Веќе одамна ништо не беше исто. Бев толку  наивна, неиживеана, неискусна...верував дека она што се створи во тие неколку години ќе нема жива сила која ќе го разруши,...ахх тоа глупаво мало дете со своите детски мечти во својот чист, искрен и нерасипан свет. После многу саати поминати во самотија, верувај ми само тоа ми остана од кога ја немам неа, сватив кога се почна да се тркала надолу.
Ти текнува на средината, кога го имавме она чувство на постигнување, еуфорија за светки и елеганција,... тогаш останав сама, со одкрадната желба, пропадната идеа...Беше тажно, знаејки дека никогаш не би можела да му го направам тоа на некој толку близок, особено не на тебе. Каква банална работа го почнала овој порој. Кога светлата се изгаснаа, дојде студенилото,... Среќно Ново Лето...и не така забавно и друштвено...луѓето полека се намалуваа, остаанаа само двете мали дечиња кои држејки се за рачињата се убедуваа дека не се сами, дека се е во ред, дека си се доволни сами на себе.... знаеа дека се лажат...знаеа дека уште по првата скала надолу нешто им  фали, можеби висината со која доагаше и поголема силина или едноставно поубавиот поглед...не сакаа самоволно да ја симнат следната скала, се туркаа, но на крај мораа да се погледаат во очи и да го направат тој финален чекор надолу заедно. Тие две скалила ги натераа да се чувствуваат немоќно и само, знаеа а сепак се убедуваа во спротивното. Дојде и времето кога требаше да се покаже годишната работа... Ги стискав палците, како да го чекав ударот и изливот на болка...чекав, чекав, само што се успокоив го осетив таму некаде на средината на лицето, и замисли не заплакав, само се насмевнав, иронично се насмевнав на самата себе, си реков, Каде беше до сега, те очекував, знаев дека ќе дојдеш. Знаев точно каде ќе биде ударот, знаев се, а сепак остатокот од нештото што наликува на надеж ме тераше барем од запрашениот заден агол да верувам во нешто друго. Можеби беше само застарена, изгорена желба. И уште неколку дуплирани случувања со различна присутност на кои не им го давам времето од денот. Дојде да зборуваш за она што го даде, одсликувањето во огледалото ја покажа водата како ми протекува низ дланките, останаа празни. Кога ја чувствуваш топлината во срцето за тој до тебе, редоследот нема да го знаш,  звукот на железните парички ке ти биде непознат, хронологијата небитна...Болеста моја ќе биде и твоја, без молба, без потпис, но не... За кого ли само ја правиш таа скица, за оние од страна да кажат дека си многу среќен и исполнет...Вистината е она што не прави големи и чисти, се она другото е прав затворена во урна која го чека соодветниот момент некој да ја растури во ветрот и зеленилото. Тоа ни се случи и на нас,..знам дека гребам по дното со ноктите, не сум сигурна за тебе, но јас знам. И ти сеуште ништо не знаеш, не знаеш зошто те нема, не знаеш зошто не си тука, не знаеш зошто не си подал рака...Кога знаеш дека обрачот околу грлото ти се стега, кога веќе не можеш да се скриеш, кажи дека не знаеш...полесно ќе се протнеш меѓу прангиите...почни да викаш, биди гласен, биди вчудоневиден и навреден...така ќе им го пресечеш патот на сите, дури и оние кои мирно очекорат. Но јас ќе ти кажам едно нешто, веќе ништо не допира до мене,..те оставам тебе и таквите како тебе за остатокот кој што се грижи..јас повеќе не.  Ти што си со лизгаво тело, што секогаш успеваш да се скриеш зад забосаната насмевка, ми текнува на едногодишната порака која ти ја дадов. Потрошив многу време на неа, многу љубов, енергија, крв и топлина, потсети се што се калеше во огнот некогаш, нека ти го поплочи патот, насоката сама ќе мора да ја најдеш.    

Веќе одамна ништо не беше исто, не сакав да си го признаам тоа, но чувството не ми го дозволува тоа повеќе. Одамна не сум тоа мало, глупаво и наивно детенце. На крајот на краиштата, годишните времиња се менуваат, а со нив и луѓето, некои влегуваат, а некои пак излегуваат од твојот живот, останува само тоа што е вистинско, искрено, нерасипано и чисто.

No comments:

Post a Comment