Кога е правиот момент да ставиш точка? Семантика и синтакса, ја завршувам реченицата, мислата и немам повеќе ништо што да кажам... се е кажано, и ставам точка. Завршено е, крај на приказните, случувањата... дали навистина можеш да ставиш точка на нешто што ти било секојдневие, да ставам точка на мислата со која заживувам наутро и спласнувам навечер, можеш ли? Можам ли?
Нов ден, ново утро, нови бројки на датумарникот, се е ново, а сепак исто, истите луѓе, истите проблеми, точката се стркала, не е една, веќе се три...
Ме повреди, ми го скрши срцето пред некој ден. Не ми рече ништо конкретно, ниту пак направи нешто, едноставно жапчињата предизвикаа лавина, турбуленции и цетрифуга, она што беше долу сега е горе, она што беше горе остана загушено под тежината на горниот слој. Насмевките, прегратките и утешните погледи кои нудат спокој, ги снема, изгореа под пламенот на згрутчената болка. Те сакам, чувствувам и мислам, но реалноста ја престигна идилата, мутација во презир. Времето овде ни е кратко, настојувам на максимално должинско искористување, себично се сакам , затоа и неповратно те сакам секогаш покрај мене, зарем не е очекувано тоа, разбирливо? Колку што е моментно времето за љубов, толку е периодично времето за болка, желба за украдена интимност и внимание. Остануваат траги од слободно креативна омраза. Звуци на кршење, роварење на земја и гребење по стакло, ги собирам парчињата што останаа одкако се скршив.Самотијата, кусата љубов, недоволно време, краткоста на моментот на внимание, украдена интимност... Ми треба комбинација од минус и цилиндар, избистрена и изоштрена слика, зошто вака едното се множи со три... Останаа само ...
No comments:
Post a Comment