Thursday, December 15, 2011

Чад или магла

Вечерта беше прекрасна, неверојатна, неповторлива. Премногу луѓе, премногу зборови, музика колку што сме платиле. Муабет, штикли, звекање на ѕвездени маици, миничи, пократко од миничи, или само маички па на кого му притревал долен дел. Пантолани, шминка, шминка, парфем, шминка.
Ми се превртува во стомакот празнотијата од напорниот ден. Без храна,а со неколку кафиња веќе го правам Брилијантниот електичен танц, но без Џон покрај мене. Коњаницата стигна, а потоа и не така славната ергела, ...тензијата веќе почнува да расте...го чувствувам секое мускулно влакненце на моето тело како се згрчува се електризира. Мозочниот нерв пробува да ѓи контролира, но залудно е, револуцијата е веќе започната, враќање назад нема.
Вдишувам длабоко, ме потсетува на моменти на дивјачки секс кога се побива гравитацијата, во секоја соба на секое место... Издишувам, пламен ми излегува низ ноздрите, потсетува на борба да се стигне до оргазмот и да се зачува колку е можно дополго... Лавината почно, да видиме кој ќе ја преживее, затоа што токму тој ќе раскажува за неа. Беше време за одлука...мора јуначки да се издржи вечерва, а тоа значеше многу, многу алкохол, за да можам да заборавам барем дел од таа патетика...
Маскарада на луѓе кои ти нудат насмевки и в лице ти велат губитник, коркач, слабак... Ја дофатив, ја зграбив, ја впив во мене, ја почиствував среќата здобиена од налеаниот алкохол во мене. Не можам ни да ти опишам колку бев воодушевена од спокојот кој што го нудеше благо киселиот влус на она што го моткав и жуборкав во устата. Спасение, засолниште, дом...заштитен обрач околу мојата душа...дом... Удари, одчукувања, очајни виткања, пад,..јас седев и те чекав тебе. Ја заврчив првата стаклена, и веднаш побарав втора, не е безбедно да се здивне малку затоа што доволна е една искра за да биде фатално. Голтка по голтка сладок кристален отров ме гали, а каков е тој отров што воскресени нуди... Киселиот лимон прави да си ги подризам усните.  Расчадените оџаци ја замаглија просторија, ми ги зајадоа очите...се чувствував уште помизерно.  Но решив силно да го фатам ѕверот за врат, и и се приклучив на толпата која се тркалаше насекаде.
Успеав да го реанимирам располозението и адреналинот... бев среќна што успеав да се излажам себе си дека сум среќна, иако само за кратко. За да се осигурам дека ќе останам таква каква што бев, неприродно среќна, ја побарав и третата стаклена, стоев и те чекав тебе... Од време навреме при судир кој што беше неизбежен, ќе ме разлигавеше, повеќе за публиката одколку за мене или себе, се прашувам дали воопшт имаше нешто тука за нас. Некој некогаш ми кажа животот е фарса, составен од мали предстваки каде секогаш ќе има некој со свои епизодни улоги. Во овие мали представи некој живее искрено, а некој сам за себе ја земал актреската улога, актер во улога на актер, дали само за мене е очигледна иронијата? И додека го довршував бројот три го допрев дното, се трудев навистина се трудев да бидам она што сакаш да сум, но не успеав потфрлив. Не знам што точно се случи вечерва, немаше некое конкретно збиднување, изгледа се вечерниот  товарот кој што се накалеми на оној секојдневно постоечкиот ме кутна, мислев дека сум доволно силна, но длабоко погрешив. Ги стискав тупаниците и забите, уште петте минути да ги преживеам и потоа бегството ќе беше непречено.
Чекор по чекор, секој здив за секоја секунда...иако бев затворена во тој пекол, сепак ја чувствував свежината на чистиот воздух на мојата кожа. Излегов... конечна победа,...победа силно зачинета со горчината на поразот. Сакав да бидам таму, мислев дека и ти го сакаше тоа...го направи неподносливо да преживеам. Го слушнав во твоето чао скриено збогум, го видов во твоите очи олеснувањето што заминувам, здвнувањето по тргнатиот товар, го прочитав во твојата насмевка зајадливото прашање, зарем мислеше ако си одиш дека забавата ќе престане?, како да сакаше да ме дотолчиш. А не знаеш дека Кралицата веќе одамна ја носам в срце, со круната на глава се колнев дека шоуто мора да продолжи. Излегов, дури не стигнав да ги одпоздравам оние кои ми ја држеа раката вечерва, само излегов. Замо што вдишав од слободата заплакав. Беше премногу тешко, болно и тажно...Не знма како да ти го опишам тоа  што го чувствував, само знам дека беше се воедно излешано, но што и да беше беше неиздржливо. Влеков во тркачот и заплакав...се борев за здив, викав, плачев....се одеднаш, се измешано...од болка бев трошка сила, без трошка заштита од било кој, без прашање како си, без прегратка која е нема а ветува се. Сама со себе....во некое бесознание додека не застанав, уште некое време си дадов да се соземам...излегов и застанав. Стојам високо, одам силно...пред да заспијам се насмевнав на целата таа мака, ти се насемав тебе...Јас знам која сум, задоволна од она што ме гледа од другата страна на огледалото, а дали ти...????

No comments:

Post a Comment