Нешто фали...Периодов е таков, не е празен, има циркулација, а сепак едно мало делче од мене атрофира. Имаш ли идеа како да ми помогнеш?
Верувај ми се обидов, веќе подолго време создавам револуција од настани, случувања и преокупации, но финалето е сепак проследено од тоа безбојно делче...а толку силно се обидувам да го ставам прстот врз него. Го имам целиот ден испланирано, знам одприлка колку време ќе поминам во канцеларијата, и колку време ќе ми треба да стигнам од дома. Веќе првите дваесетина минути од пристигнувањето ми поминуваат во одкопчување копче по копче од кошулата и соблекување на хулахопките. Некогаш трае и подолго, знаеш ослободувањето од прангиите и не е така лесно и едноставно како што мислиш, тоа е процес во кој што сакам да уживам, да го продолжам впечатокот на повторното здобивање со слобода. Светол отпечаток, кој трае многу кратко ...само момент...можеби е тоа поради невидливата коцка. Следи едночудо празнење на енергија, самоповредување, желба да се скроти сенката на црниот пантер... И по сите прескокнати обрачи следи договореното кафе, опуштено место, опуштени луѓе, и тоа невидливо лего што не можам да го дофатам. Имаш ли идеа каде е невидливото? Можеш ли да ми помигнеш?
Излегувам надвор од округот, од опкрижението, на четири се тркалам до точките. Ме дочекува променет екстериер, насмевки, по некој гласен збор... Задоволство кое го очекувам, затоа што филмот беше квалитетен, а уште поважно столчињата беа како лежалки, машината за проектирање беззвучна, а снимката со одличен квалитет, сето тоа зачинето со која солена пуканка. Дали само мене ова ми изгледа на добро осмислена, но сепак наметната режија? Кажи ми што мислисш ти?
Сакам да летам со параглајдер...до таму стигнав со потрагата, се решив парчето да го барам во воздух, таму горе, меѓу облаците... По патот со облаците, до неможам да земам воздух од што ме форсира адреналинот, стигнав до слика на безбедно приземјување, насмевка која ослепува и еден пиксел кој што недостасува... Можеби подобро ги согледуваш работите, те молам кажи ми што да направам?
Само што забележав дека изедов пола тегла домашно слатко од сливи, верувај ми беше прекрасно, а сепак не се чувството не е пресликано. И не, не е дека ме боли желудникот. Го размачкав слаткото по сликата со адреналински оптеретената насмевка,... не ја пополнив точката без боја.
Тажна сум... Убаво ги чувствувам аглите на тоа проклето геометриско тело ... коцката... толку јако што успевам дури да и се доближам,... Ја фатив..., е сега си моја. Тажна, а сепак доволно свесна за да можам да си признаам... Го пронајдов лежиштето, неоспорно совпаѓање,...само тешко ми да ја прокнижам мислата до себе. Горда, а сепак искрена да признаам...го ставив прстот врз условно безбојниот дел, шепнав, можеби за да не дочујат останатите силуети во празнотија во собата...Видов...Туѓа насмевка, подадена рака, зрачење на телесна топлина, поглед со грижа во зениците... Видов човек... Го држам силно прстот на безбојното делче, имаш ли идеа како да ми помогнеш?
No comments:
Post a Comment