Thursday, December 15, 2011

Зошто боли без човекот?


Ја имаме целата љубов на светот, целото внимание, целата посветеност...Зошто никогаш не е доволно? Кога ги имаш луѓето покрај тебе, кога безусловно имаш зрачење на телесна топлина, дланките секогаш залепени, прстите преплетени, зошто не го прифатиш благословот, зошто еднаш не речеш доста е...сит сум...

Смеа поделена на две, насмевка која плени, сталожува, никогаш еднаква, многу попосебна од онаа индивидуалната, единствена и сама. Единица солза болно пече, нема кој да те дофати, да те поткрепи, горко да подголтне со тебе… Лекомислен приод на нешто што ти ја топи душата, ти ги заруменува образите, ти го забрзува срцето и грчи стомакот. Биди искрен и отворен, биди заљубен и возбуден, откривај се себе си со тоа што ќе допреш, почувствуваш, доживееш нешто ново кај оној до тебе... Зошто не знаеш да цениш, иако знаеш да сакаш, зошто ли ти е толку страшно да кажеш Да се заљубив, тоа е моментот на вечност, тоа е она вистинското, единствено и последно... Летаргичност од самата помисла на понатамошна едноличност и монотонија, Зошто?     

 И кога оддеднаш се ќе се избрише, кога она што го познаваш како живот веќе нема да биде твој, неиживеаноста ќе те удира во глава, благото ќе горчи,a солта блуткава и без вкус. Минатото те боли како сега да е, грутката во грлото ќе се зголемува...Сенката твоја некој друг ја има зад себе, мачнина во дупката под градите...неможеш да земеш здив, срцето ти се грчи и прерипнува...ти фали човекот...и кога си со луѓе, повторно ти фали...и кога си најсреќен, не си исполнет ... Никогаш доволно, никогаш заситеност од сето она што ти го нуди светот...ако е така, зошто сега те боли, не самотијата, туку самотноста без човекот? Зошто сега боли?

No comments:

Post a Comment